Connect with us

Форекс

Акциите на Македонска берза „играат” топло-ладно

Објавено

на

Последниве неколку недели ситуацијата на Македонската берза е поинтересна од кога било претходно. Доказ за тоа се енормните флуктуации на вредноста на акциите на најголемите македонски компании кои котираат на берзата.

На почетокот на годината акциите бележеа висок пораст на вредноста, пред се поради високите добивки кои ги прикажуваа компаниите, како и најавата за поделба на солидна дивиденда.

Но, доволно беше еден минијатурен вирус наречен Ковид-19 или попознат како коронавирус да направи раздор не само на нашата, туку и на светските берзи. За само неколку денови акциите на најголемите светски корпорации се срушија како кула од карти. Истото, се случуваше и на Македонската берза, акциите кои со денови, месеци, па и со години ја зголемуваа својата вредност, паднаа речиси на минимум.

Сепак, последниве неколку денови даваат ветувачки знаци дека акциите ќе се нормализираат, а позитивните вибрации почнаа да се одразуваат и врз нивната вредност која почна да се движи во нагорна линија.

Но, ниту тоа не е ветување дека се ќе се нормализира преку ноќ, поготово кога кризата предизвикана од коронавирусот не е ниту на повидок дека за догледно време ќе заврши.

На последниот ден за тргување на Македонската берза, дел од акциите ја зголемија својата вредност, но имаше и такви кои изминативе денови бележеа пораст, а денес загубија дел од вредноста.

Најголем пораст на вредноста забележаа акциите на Македонијатурист АД Скопје и Охридска банка АД Скопје кои забележаа раст од високи 5,68% односно 3,00 проценти.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Стопанска банка АД Скопје од 1,54% и Алкалоид АД Скопје од 1,20%.

Од друга страна, компании кои загубија дел од својата вредност на последниот ден за тргување се НЛБ Банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Гранит АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Најпогодени од падот беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа пад на вредноста од 1,92%. Минимален пад на вредноста забележаа преостанатите компании.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.5490 денари, британската фунта изнесува 70.6539 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.4454 денари.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно