Домашни банки
АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОТОНАА откако измина последниот ден со право на дивиденда!


Акциите на Комерцијална банка АД Скопје со месеци наназад важат за убедливо најатрактивните и најтргуваните акции на Македонска берза.
Изминативе неколку дена, инвеститорите водеа битка да дојдат до што поголем број на акции од банката со цел да добијат дивиденда за 2020 година која е предвидена да се исплати на 24.08.2021 година.
Побарувачката, а со тоа и вредноста на акциите на Комерцијална банка растеа со неверојатна брзина по објавата на Народната банка за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
Но, откако измина последниот ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година (09.08.2021 година) кога вредноста на акцијата достигна 10.468 денари, во текот на денешниот ден вредноста на акциите на Комерцијална банка потона. Дел од инвеститорите кои се здобија со правото на дивиденда, веднаш побрзаа да го продадат својот удел во Банката, а тоа резултираше со пад од високи 6,94%.
Сепак, вистинските познавачи на Берзата знаат дека по истекување на последниот ден за исплата на дивиденда логично е вредноста на акциите да се намали. И покрај привремениот пад, акциите на Комерцијална банка АД Скопје сеуште се едни од најатрактивните за инвеститорите.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Домашни банки
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green


Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)
Домашни банки
УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија


УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)
Домашни банки
УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра


УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје