Connect with us

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари.

Класичното тргување изнесува 1.484.434.935 денари и е зголемено во однос на февруари за 134,77%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 1.446.736.000 денари и обврзници во вредност од 37.698.935 денари.

Блок трансакциите во март изнесувале 1.301.357.421 денари и бележат неверојатен пораст од 1741,75%.

Бројот на трансакции во март изнесувал 4.828, односно 2.391 трансакции повеќе во однос на февруари, со што бележи висок пораст од 98,11%.

Според бројот на трансакции, идентично како и претходните три месеци, најтргувани акции на официјалниот пазар за март беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 1.632 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 895 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 522 трансакции.

Според количината на истргувани акции, исто така, најтргувани беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со високи 91.728 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Гранит АД Скопје со 72.968, а акциите на ТТК Банка АД Скопје го заземаа третото место со 30.104 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за март 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Еврото ја достигна највисоката вредност од средината на март

Објавено

на

Курсот на еврото во понеделникот на меѓународните пазари накратко достигна највисоко ниво од средината на март, а поризичните валути беа во добивка поради тоа што инвеститорите беа охрабрени од добрата вест од кинеската економија и знаците за олеснување на тензиите помеѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Информацијата дека нема да исплаќа дивиденда, ја „сруши” вредноста на акцијата на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Иако, се чинеше дека вирусот Ковид-19 веќе е стабилизиран и дека кризата се надминува, сепак најновите случувања го тврдат токму спротивното. Коронавирусот повторно зема замав, се зголемува бројот на новозаболени со секој изминат ден, неизвесноста е огромна, како за идните случувања поради корона кризата, така и поради неизвесноста околу одржувањето на предвремените парламентарни избори. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Раст на цените на нафтата на светските берзи

Објавено

на

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела повторно се зголемија, петта недела пат по ред, бидејќи се очекува натамошен пад на производството, додека побарувачката за нафта треба да се зголеми, бидејќи многу земји ширум светот водат економска активност, со оглед на забавувањето на ширењето на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно