Connect with us

Форекс

Акциите на берза повторно паѓаат, еврото со вредност од 61.6432 денари

Објавено

на

Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува големи флуктуации, па така акциите кои котираат на Македонска берза еден ден ја зголемуваат својата вредност, а веќе наредниот истата се намалува за одреден процент. Втор ден по ред акциите бележат пад на вредноста, а тоа најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

На последниот ден за тргување на македонската берза единствено акциите на Гранит АД Скопје забележаа минимален раст од 0,05 проценти, пред акциите на Алкалоид АД Скопје кои исто така, минимално релиси незначително пораснаа за 0,01%.

Останатите акции кои котираат на Македонска берза загубија дел од својата вредност, а најпогодени од оваа ситуација беа акциите на ТТК Банка АД Скопје кои забележаа пад од 2,57%. Падот на Македонската берза негативно се одрази и врз вредноста на акциите на РЖ Техничка Контрола АД Скопје кои забележаа пад од 1,43%, како и врз акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа пад од 0,92%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6432 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.8615 денари, британската фунта изнесува 73.1149 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.5459 денари.

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно