Connect with us

Форекс

Акциите на берза повторно во пораст, еврото со вредност од 61.4977 денари

Објавено

на

По вчерашниот пад на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија повторно доживува раст на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

Поголемиот дел од акциите кои котираат на македонската берза забележаа раст на својата вредност.

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Фустеларко Борец АД Битола, кои забележаа огромен раст од високи 9,09 проценти, пред акциите на ОКТА АД Скопје кои забележаа раст од 3,30%.

Пораст имаше и кај акциите на Реплек АД Скопје од 1,25%, како и кај акциите на Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за 0,34%, односно 0,30%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4977 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.9951 денари, британската фунта изнесува 73.3513 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.9293 денари.

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Популарно