Connect with us

Домашни банки

Активности по повод Светскиот ден на артритис во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува клиентите дека на 9 октомври, среда, со почеток од 10, па се до 14 часот, во Експозитура Дирекцијата на НЛБ Банка (Мајка Тереза бр.1) по повод Светскиот ден на Артритис ќе се одржи акција, каде ќе имате можност да поразговарате со лекари специјалисти од Универзитетската клиника за ревматологија кои се воедно и членови на Македонската ревматолошка асоцијација МААР и на овој начин да се информирате за сите работи поврзани со ревматоидните и мускулоскелетните заболувања.

Станува збор за заболувања кои се водечка причина за физичка попреченост во Европа и 2-ра најчеста причина за инвалидитет во светот. Ревматските и мускулоскелетните болести може да го парализираат и променат животот на луѓето. Често се јавуваат кај луѓето во најактивниот период од животот. Ревматоидниот артритис често се јавува на возраст меѓу 35 и 50 години. И наједноставните активности во текот на денот, како облекување или пешачење можат да предизвикаат болка и да биде тешко или невозможно да се спроведат.

Активностите за Светскиот ден на артритис, НЛБ Банка заедно со Европската асоцијација за борба против ревматизам, се спроведува за да се укаже на потребата од рана дијагноза и лекување со најсовремена терапија со цел да се задржи способноста за работа на пациентите со ревматски и други мускулоскелетни заболувања. Задржување на работоспособноста е од големо значење како за самата личност така и за општеството како целина. Важна цел е и да се поттикнат работодавачите да овозможат работни услови кои се поволни за вработените со одреден степен на попреченост.

НЛБ Банка Ве очекува!

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка АД Скопје продолжи да ја шири деловната мрежа со отворање на нова експозитура во Кочани

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје продолжува да ја шири својата деловна мрежа и успешно да ја спроведува продажната стратегија и во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата со Covid-19. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно