Наградни игри
Активирај супермоќ и освој супер награди – ХАЛКБАНК ја промовира новата голема наградна игра

Добри вести за сегашните и идни корисници на услугите на ХАЛКБАНК: пристигна времето за супер награди! Во соработка со Mastercard, новата голема наградна игра под забавниот слоган „Активирај супермоќ“ од денес зема замав низ целата држава, и тоа на три различни начини: со трансакции направени со кредитните картички Mastercard, како и трансакции направени преку иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay.
Наградната игра е со времетраење од 4 месеци, до крајот на февруари.
Дополнително, сите корисници што ќе направат трансакција преку HalkPay и GarminPay добиваат трипати повеќе шанси за добивка за некоја од вкупно 60-те награди.
Условите за учество во наградната игра за „активирање супермоќ“ се едноставни: секој корисник што ќе направи трансакција преку кредитните картички MasterCard за физички лица, преку апликацијата HalkPay или, пак, преку GarminPay и што ќе се согласи за учество на линкот, влегува во игра за некоја од наградите:
- Вкупно 45 ваучери за спортска опрема во износ од 6.000 денари во три месечни извлекувања – на 3 декември, на 12 јануари и на 2 февруари;
- 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипеди, кои ќе бидат доделени на големото главно извлекување на 9 март.
Право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на ХАЛКБАНК, кои се корисници на кредитните картички Mastercard за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless, Mastercard World Contactless) за направена валидна трансакција, како и валидни трансакции направени преку мобилната апликација HalkPay и преку услугата GarminPay. Сите детали за условите и правилата за учество се наоѓаат на следниот линк.
Со нетрпение ги очекуваме најсреќните суперхерои на ХАЛКБАНК во претстојните 4 месеци!
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Наградни игри
Успешно завршена наградната игра ПроВози се на ПроКредит Банка

ПроКредит Банка со огромно задоволство споделува дека успешно е затворена наградната игра #ПроВозиСе, во соработка со Мастеркард. (more…)
Домашни банки
Освој TESLA само со Mastercard® картичките од Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје