Connect with us

Останато

Ако ти е рано за пензија, не ти е рано за penzija.mk: Стабилни пензиски фондови за сигурни пензиски денови

Објавено

на

Сегашноста е важна, но многу повеќе е важно какви одлуки носиме сега за нашата иднина. Финансиската иднина на вработените мора да започне да се обезбедува уште во првите години по вработувањето.

Трите друштва кои управуваат со пензиски фондови во задолжителниот втор пензиски столб и во третиот доброволен пензиски столб почнуваат со кампањата „Ако ти е рано за пензија, не ти е рано за penzija.mk.

КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво во моментов управуваат со со по еден задолжителен и еден доброволен пензиски фонд, кои и покрај кризата која почна минатата година демонстрираа отпорност на влијанијата. Перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се охрабрувачки, а дополнителен поттик за сигурност е исклучителната контрола на регулаторот МАПАС, тело кое врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства.

Впрочем станува збор за модерен, успешен и технолошки високо-развиен капитално финансиран дел од пензискиот систем кој на идните пензионери им нуди стабилност за сигурни пензиски заштеди. Одлуката за тоа на кое друштво ќе се даде довербата се носи при првото вработување, но истата може да се промени по сопствена желба во секое време со потпишување на договор за премин со новоизбраното пензиско друштво.

Инаку, на крајот на минатата година приватните пензиски друштва управуваат со над 1,4 милијарди евра. Друштвата кои управуваат со фондовите забележаа растечки тренд на пензиските заштеди на своите членови и покрај кризата.

Заклучно со 31 декември 2020 година, бројот на членови во задолжителните пензиски фондови изнесува 529.983. Во 2020 година има раст на бројот на осигуреници но и на опфатот на населението во вториот столб. Членови на вториот столб се релативно млади лица кои имаат можност за долгорочно штедење на средства на нивните индивидуални сметки, за идна пензија. Просечната возраст на членовите во вториот столб е 35 години.

Раст на бројот на осигуреници има и во третиот столб, а вкупниот број членови изнесува 26.016. Двата фонда во третиот доброволен фонд располагаат на крајот на минатата година со над 37 милиони евра. Членовите во третиот столб, во просек се повозрасни во однос на членовите во вториот столб, односно просечната возраст на членовите во третиот столб е 45 години.

Пензиските друштва ги инвестираат средствата на пензиските фондови во строго регулирана средина, што обезбедува дополнителна заштита на парите на идните пензионери. Пензиските фондови инаку се долгорочни инвеститори и нивните перформанси се оценуваат на долг рок.

Носете ги важните одлуки за Вашата финансиска сигурност со правилно и навремено информирање. Ако ти е рано за пензија – Не ти е рано за Penzija.mk.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање



Популарно