Connect with us

Криптовалути

Ако сте вложеле пред 10 години, сега ќе бевте милионери!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот биткоинот го достигна највисокото ниво од 65.000 американски долари во април, но потоа изгуби 50 проценти од својата вредност во следните три месеци. Цената на најпопуларната „паричка“ неодамна падна под 30.000 американски долари.

Сепак, за време на викендот, забележан е раст на вредноста на криптовалутата, делумно благодарение на поддршката на големите имиња како Илон Маск и и Џек Дорси, изразена на неодамнешната конференција преку Интернет. Во текот на вчерашниот ден со Биткоин се тргуваше по цена од околу 38.000 американски долари.

Неговата популарност вртоглаво порасна во 2017 година, кога Биткоинот ја зголеми вредноста од 900 на речиси 20.000 долари за помалку од една година. Но, во исто време, тој стана познат по своите падови – неговата вредност нагло падна во неколку наврати.

За разлика од другите криптовалути, како што е Догекоин, кој исто така забележа слични подеми и падови, Биткоинот е технолошки понапреден и во моментов има пазарна капитализација од околу 736 милијарди долари, што е далеку повеќе од другите, пренесува „CNBC”.

Еве што покажува анализата ако вложевте во Биткоин пред 10 години:

  • Да инвестиравте во биткоин минатиот јули, тој ќе пораснеше за 252 проценти во последните 12 месеци. Купувањето биткоин во вредност од 1.000 долари на 26 јули 2020 година – по цена од 10.990,87 долари по монета – сега би вредело 3.525,65 долари (по цена од 38.750 долари за биткоин).
  • Ако одите подалеку во минатото, кривата на раст е уште пострмна. Значи, на 26 јули 2016 година, 1.000 УСД би ви купиле 1,52 биткоини по цена од 656,17 УСД за паричка. Денес, таа инвестиција би вредела 58.900 американски долари, што претставува раст од 5.805 проценти.
  • Ако се вратиме 10 години наназад, процентот на раст на биткоинот е шест цифри. Во јули 2011 година, две години откако беше создадена, една паричка чинеше 13,91 УСД. Тогаш 1.000 долари би ви донеле 71,89 биткоини, што би вределе 2.785.737,50 долари денес. Таа бројка претставува раст од 278.476,56 проценти.

Кога станува збор за криптовалутите, имајте на ум дека досегашниот ефект не е гаранција за идно „враќање“, а експертите ги предупредија инвеститорите да не инвестираат повеќе пари во криптовалути отколку што е прифатливо за нив да загубат.

„Ако се одлучите за криптовалути, размислете да не направите голема набавка одеднаш“, се советува во текстот.

Криптовалути

PayPal стартува со купопродажба на криптовалути во Велика Британија

Објавено

на

„PayPal Holdings Inc” (PYPL.O) ќе им овозможи на клиентите во Велика Британија да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други криптовалути почнувајќи од оваа недела, соопшти компанијата, пренесува „Reuters”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен. (more…)

Продолжи со читање



Популарно