Connect with us

Лични финансии

Ако сакате да бидете успешни ќе мора да се одвикнете од овие шест навики

Објавено

на

Сите сакаме да бидеме успешни, но не сакаме да се соочиме со тоа што не спречува во реализирање на сонот. Кои се грешките и пречките кои ни застануваат на нашиот пат кон успехот и што треба да правиме со нив?

Во продолжение прочитајте за шест токсични навики кои треба да ги отфрлите за да станете успешни во работата и животот:

1. Споредување со другите колеги

Понекогаш сите ние посакуваме нешто што го немаме, но постојат моменти кога ќе мора да престанеме да се споредуваме со други. Искористете ја таа енергијата и фокусирајте се на тоа како да се подобрите себеси и започнете да се споредувате себеси.

2Хранење на лошото мислење што го имате за себе

Ослободете се од стравот од непознатото, истерајте го вашето „самоограничувачко“ уверување дека успешните луѓе се поталентирани од вас. Тие се само малку повеќе ентузијастички настроени од вас. Затоа направете чекори кои никој не ги очекува од вас.

3. Осудување на другите

Многу луѓе кои постигнале успех и направиле богатство, сигурно вложиле многу време и труд за да го стекнат тоа што го имаат во моментот. Сиромашните луѓе не се мрзливи, туку тие не знаат како треба подобро и на некој начин се заглавени таму каде што се. Затоа, заборавете на осудите кон други и продолжете по својот пат.

4. Вперување на прсти кон други

Никој не е одговорен за вашата добра или лоша судбина освен самите себеси. Затоа, мора да се помирите и да го прифатите тоа, без секојдневно да барате виновници за непосакуваната ситуацијата во која се наоѓате.

Доколку се наоѓате во токсична средина, во која не се пронаоѓате или сметате дека би имале на друго место многу поголем и побрз напредок, дека други колеги повеќе ќе ве ценат, веднаш напуштете ја таа средина, но не ги обвинувајте претпоставените или колегите дека тие се виновни за ситуацијата во која се наоѓате.

5. Копнеж по совршенство

Ќе направите бројни грешки на патот кон вашиот успех и ништо нема да ви биде совршено. Можете да тежнеете кон успех и напредок, но исто така морате да бидете свесни за сите подеми и падови кој ќе ви се најдат на патот.

6. Чекање

Никогаш не постои совршено време за започнување на бизнис, да го продадете бизнисот или да прифатите нов предизвик во кариерата. Ако имате потреба за нешто ново, првиот чекор е тоа да го сторите веднаш.

Лични финансии

10 навики на богатите луѓе кои можат да ви донесат финансиска слобода

Објавено

на

Ви се чини дека другите се поуспешни од вас поради среќа или одреден сплет на околности? Па, и не мора секогаш да биде така. Иако, секако, никој од нив не успеал на потполно идентичен начин, сепак богатите и успешни луѓе често имаат многу слични животни навики. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да направите парите да работат за вас, наместо вие за пари?

Објавено

на

Работењето од наутро, па се до доцните вечерни часови, дефинитивно не е решение. Многу луѓе работат дури и прекувремено за да заработат колку што е можно повеќе пари, но на крајот повторно немаат доволно. Верувајте, нема ништо да постигнете ако целото време го поминувате на работа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да давате совети без да изгледа дека шефувате

Објавено

на

Убаво е да им понудите зборови на мудрост на оние во вашите најблиски кругови, но границата помеѓу искреното давање совети и изгледот на сезнајко може да биде мала. Дури и ако вашиот совет е побаран или добредојден, сепак може да биде незгодно бирањето на вистинската порака. Уште покомплексно е да го понудите вашиот совет ако не се побара. (more…)

Продолжи со читање

Популарно