Connect with us

Колумни

Ако немаш работа, твоја работа е да најдеш работа!

Објавено

на

Ако немаш работа, твоја работа е да најдеш работа. Кое е всушност значењето на оваа реченица? Многу едноставно, без никакви скриени пораки, тоа значи дека ако немате работа, а сакате, ваша работа е да ја најдете истата. 

Според тоа, 8 часа во денот, од 9 до 17 часот, со пауза за ручек и/или паузи за цигари вие сте должни да работите на наоѓањето на работа. 

Дисциплинирано, преговарачки, инспиративно и упорно, секој ден додека не најдете работа.

Тој процес сигурно ќе ги вклучува следните нешта:

1. Конкурирање на многу места со водење на евиденција каде, кога и за која позиција сте конкурирале за кога ќе ве побараат веднаш да знаете за што станува збор со цел да не оставите погрешен прв впечаток.

2. Креирање на CV според потребите на работното место. Некогаш ова знае да биде многу заморно и досадно, но не заборавајте дека некогаш тоа е и пресудниот, клучен факто во изборот некој да ве повика во првиот круг.

3. Учење и развивање. Ја избравте индустријата која ја сакате, следно, изберете ги правците во истата кои би ви користеле. Кандидатот кој знае 3 работи е подобар од кандидатот кој знае 2 работи. Често и само познавањето, без длабока пракса може да биде корисен фактор. 

4. Читањето на огласи за работа. Често работодавците ставаат високи критериуми за да ги одбијат луѓето кои не се доволно самоуверени и упорни во желбата да ја добијат работата. Затоа, доколку ви се допаѓа работата и мислите дека вашето искуство дури и во најмала рака може да одговара, пријавете се! (И следете го советот број 2).

5. Верувајте! – Точно, ова е Македонија, точно има врски и секакви работи, но не е така секаде и секогаш. Бидете храбри и самоуверени и добрата работа ќе ви се појави како награда. И не заборавајте, дури и во моментите кога нештата ви имаат најмалку смисла тогаш најмногу верувајте во себе. 

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно