Connect with us

Лични финансии

Ако го “хакнеме„ Black Friday ќе успееме да заштедиме пари

Објавено

на

Додека продажбата на Black Friday веќе може да се викаат “Масивни попусти”, секогаш има повеќе што може да се стори за да се задржат парите цврсто во вашиот џеб.

Почнавме да истражуваме кои се основните причини зошто луѓето трошат премногу пари дури и кога одат на шопинг кога има големи попусти. Дознавме дека двете основни причини за ова се: купуваме и тоа што ни треба и тоа што не ни треба и само заради една причина, било на попуст.

За да избегнеме вакви проблеми, издвоивме основни 4 чекори и ако се придржувате до нив ќе имате одличен и економичен шопинг викенд.

  1. Бидете присутни на сите имејл листи на големите продавници. Тука ќе ги најдете најголемите попусти. Всушност, имејл листите најчесто се составени од најголемите фанови на брендот, па така продавачите даваат многу поголеми поволности во содржината на имејлот.
  2. Точно проверете дома што ви фали во гардероберот или што би можело да биде модерно да се носи во наредната сезона. Само купувањето на најпотребните работи нема да давате повеќе пари од потребното.
  3. Купувајте паметно. Купете само производи кои сте сигурни дека ќе ви траат подолг период. И онака има големи попусти, реално нема да платите по реална цена, трудете се да купите квалитетен производ и не купувајте нешто само затоа што било на попуст.
  4. Не се ограничувајте само на Black Friday. Во текот на целиот викенд ќе има големи попусти. Многу од продавниците имаат некој скриен адут или екстра добра понуда за Cyber Monday.

За крај, денот за кој најмногу се зборува е Black Friday, но всушност тоа е еден цел убав период кога се спремаме за празниците и одиме на шопинг. Затоа, заследете ги вашите омилени брендови на социјалните мрежи и имајте ги најновите информации за сите попусти во од!

Среќен шопинг викенд 😃

 

Лични финансии

Дали би ги довериле своите финансии на Google и Amazon наместо на банките?

Објавено

на

Речиси 60% од американските банкарски клиенти ќе размислат да ги пренесат своите пари на сметки што ги нудат познати компании, како што се интернет-продавниците, пребарувачите или продавниците со големи кошнички, иако немаат искуство со финансиски услуги, според една нова студија спроведена од Центарот за дигитална иднина на USC Annenberg – Школа за комуникација и новинарство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

3 митови за кредитните картички во кои сите веруваме

Објавено

на

Кредитните картички, како и секој финансиски производ, изгледа дека создаваат одредена количина на анксиозност кај луѓето. Постојат митови и гласини кои се раширени околу тоа како да се потрошат пари со кредитна картичка и кога да се исплатат. За жал, некои од овие митови за кредитни картички може да му предизвикуваат на вашиот паричник – и вашиот кредитен рејтинг – повеќе штета отколку добро. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

6 совети за подобро користење на кредитна картичка

Објавено

на

Повеќето луѓе се согласуваат дека користењето на кредитна картичка за плаќање за секојдневни купувања е паметна идеја. Впрочем, кредит е безбеден, удобен и наградува. Плус, ако сте одговорни, исто така ќе се изгради цврста кредитна оценка. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange