Connect with us

Домашни банки

Ако веќе мора да одите во банка, почитувајте ги следниве работи!

Објавено

на

Во продолжение ви презентираме ПРАВИЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО БАНКА додека трае периодот на ризик од пренесување на коронавирусот. 

1. Предупредувањето “држете пристојна оддалеченост од останатите клиенти”, значи да се оддалечите од останатите кои во тој момент се во банка на растојание од минимум 1 метар;

2. Заштитната опрема која ја носат вработените не е за да ве забавува и да ви дава простор за креативни шеги – тие ја носат за Ваша и нивна заштита;

3. Постојано во целиот овој период во банка ги водите вашите деца – не е место каде вашите деца треба да бидат;

4. По доаѓање од ризичните земји останете во самоизолација, а не уште истиот ден да одите во банка (може вие не се грижите, но во моментот на вашето доаѓање може да бидат присутни повеќе возрасни или ранливи лица);

5. Имате можност за траен налог за сите режимски трошоци и кредити или можност за користење електронско банкарство. Остапете го местото на оние кои подигнувањето од шалтер им е единствена опција. На задната страна од сите платежни картички, имате контакт телефон преку кој може да ги добиете сите потребни информации на брз и безбеден начин.

6. Не се ракувај, гушкај и бакнувај со вработените и познаниците во банката. Едно обично здраво или добар ден е доволно во моментов.

АПЕЛИРАМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ ОВИЕ БАРАЊА КОИ ДО НАС ГИ ДОСТАВИ ЧИТАТЕЛ ВРАБОТЕН ВО ЕДНА ОД БАНКИТЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА!

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно