Останато
Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува


„И по десет месеци од новонастанатата состојба што ја предзвика коронавирусот, се уште сме во неизвесност. Треба да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува”, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Во текстот „Еден вирус, многу прашања, малку одговори“, објавен денеска на интернет страницата на Стопанската комора, Азески истакнува дека се оствариле сите предвидувања изнесени во март годинава.
„Во изминативе десет месеци бевме сведоци на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете се: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште не… Има ли вирус, нема ли вирус? Вештачки е произведен или природата ни враќа? Треба да се преземат заеднички мерки или поединечни мерки на ниво на држава и регион? Додека тоа се дискутираше, пандемијата се прошируваше со огромна брзина”, наведува Азески.
Ќе настане голема неликвидност, ќе се доведе во прашање капиталот на компаниите, ќе има застој во снабдувањето и продажбата, беа дел од предвидувањата и предупредувањата на бизнис заедницата што ги изнесе Азески.
Според него, најмалку штети ќе има ако економијата и целото пштество се доведат на ниво на хибернација, но на стабилен и контролиран начин што подразбира диригирана и координирана активност межу државата, бизнисот и поединецот. Особено е важно, во состојба на хибернација економијата да се сведе на минимум функционалност, а тој минимум може да се обезбеди само со средства од државниот Буџет. Алтернативата е „неконтролираниот хаос“ кој може да настане.
„Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои”, напоменува претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Останато
Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии


Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)
Останато
Меј Маск: Илон беше генијалец уште на тригодишна возраст


Мајката на Илон Маск, Меј знаела дека нејзиниот син е предодреден да биде великан, уште кога имал само три години. Таа говореше за неговата генијалност во интервју за „CBS“.
Останато
Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството


Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!