Connect with us

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај.

Согласно иницијалните информации, Еуростандард банка располага со сметки на околу 50.000 пензионери и целиот процес би бил навистина обемен доколку сите тие би требало да побараат одјава и да ја приложат во некоја од останатите банки во земјава.

Како се одвива процесот за одјава на пензија од една банка и пријава на пензија во друга банка?

Постоечките пензионери кои веќе ја примаат пензијата во Еуростандард банка, согласно новиот протокол на работа нема да биде потребно да побараат одјава од Еуростандард банка и да ја достават во новата банка каде ќе ја примаат пензијата.

Потребно е само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и истата да се пријави од страна на банките за исплата на пензија.

За таа цел, од ПИОМ до банките веќе се дистрибуирани списоци со приматели на пензија во Еуростандард банка преку кои може да се пребара пензискиот број на примателите на пензија кој треба да се поврзе со денарската трансакциска сметка.

Оние пријави од банките кои ќе бидат доставени до ПИОМ до 21.08.2020 година ќе бидат вклучени во исплатата на пензите на 26-ти, 27-ми и 31-ви август и на 1-ви септември 2020 година.

За останатите пензионери кои нема да успеат да отворат сметка до 21.08.2020 година и истата да биде пријавена од страна на банките до ПИОМ, ќе има дополнителна исплата на пензија која дополнително ќе биде објавена од страна на ПИОМ.

Од страна на Фондот веќе се блокирани сметките на пензионерите од Еуростандард банка и на истите нема да се исплаќа пензија во иднина.

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со својата општествена одговорност за поздрава животна средина и за спортска активност и здрав начин на живот за граѓаните

Објавено

на

Со отворањето на #Велоштад во текот на вчерашниот ден, Скопје ја доби 6тата станица за поправка на велосипеди, донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Електронско ажурирање на личните податоци во НЛБ Банка без посета на експозитура

Објавено

на

Ажурирајте ги Вашите податоци во НЛБ Банка, брзо, лесно и едноставно! (more…)

Продолжи со читање

Популарно