Останато
АЕТМ објави Jавен повик за поддршка за отворање на нови е-продавници

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија”, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa, објавува Jавен повик насловен “Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси”.
Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а имаат потреба од отворање на е-продавница и од зголемување на знаењата и вештините поврзани со е-трговија. Преку Јавниот повик ќе се доделуваат вредносни пакети од 1.000 евра за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на постоечка маркетплејс платформ и нејзина маркетинг промоција и ќе се обучуваат бизнисите за зајакнување на вештините поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.
Идејата зад проектот е да им се помогне на компаниите да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница со цел добивање на нови клиенти и зголемени продажби, како и да им помогне за унапредување на работата, преку зајакнување на нивните дигитални вештини, кои ќе им помогнат подобро да се претстават во јавноста и да ги реализираат своите бизнис цели.
Проектот ќе трае до крајот на мај 2023 година, а ќе се состои од поврзување на бизнисите со домашните маркетплејс платформи и отворање на нивна е-продавница во рамки на една од платформите која бизнисите сами ќе ја изберат. Одбраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат и на практичен едукативен семинар за е-трговија „Сѐ за е-трговија“, кој ќе се одвива со физичко присуство. Ќе бидат поддржани 15 компании за отворање и промовирањe на нивната е-продавница, а едукативниот семинар ќе можат да го посетат по најмногу двајца претставници од секоја компанија. По завршување на програмата сите учесници ќе добијат сертификати за учество.
“Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и со оваа иницијатива се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компании и за мотивирање на бизнисите за унапредување на нивното работење, преку вклучување во е-трговијата, како нивен дополнителен продажен канал и зголемување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија. Оваа иницијатива се реализира во соработка со компанијата Visa и преставува почетна точка на нашата нова заедничка соработка“, изјави Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска.
“Претприемништвото е најголемата сила на секоја економија, особено на тие во развој. Со цел да ги зајакнеме малите и средни бизниси и да ги направиме поконкурентни на пазарот, сакаме заедно со нашите партнери од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија да им помогнеме да иницираат онлајн продажба и да се вклучат во тековите на дигиталната економија, која има голем потенцијал за раст и развој на нивниот бизнис”, додаде Владимир Ѓорѓевиќ – генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.
Аплицирањето на Јавниот повик, кое што е бесплатно, се одвива онлајн на веб страницата на АЕТМ и трае до петок, 15 март 2023, до 23:59 часот, по што ќе следи евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа. Поради ограничен број на учество, ќе се прави избор на учесниците кои ќе можат да ја следат програмата за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на локален маркетплејс и зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Повеќе информации за Jавниот повик се достапни на: https://ecommerce.mk/povik/
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје