Connect with us

Останато

АЕТМ и ИДУЕП со заедничка соработка во поддршка на процесите на е-трговија и дигиталната трансформација

Објавено

на

Поттикнување на забрзан развој на дигитална трансформација на општеството, како и ставање приоритет на потребата од воведување на е-трговија се во фокусот на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Дигитализацијата и дигиталните вештини дополнително се наметнаа како потреба во целиот овој период на борба со коронавирусот, овозможувајќи многу вработени да ги задржат своите работни места, а огромен број на компании речиси две години да успеат да ја пребродат оваа криза.

„Во овој сегмент е-трговијата одигра огромна и важна улога. Според официјалните податоци објавени од НБРСМ во првиот квартал од 2021 година вредноста на онлајн трансакциите пораснала дури за 74,6% споредено со истиот период лани. Ова јасно укажува на фактот дека дел од македонските компании ја препознаа важноста од воведување на квалитетни онлајн услуги за своите потрошувачи, со што ја задржаа или зголемија економската активност, а истовремено вложија конкретни напори за да не ги изложуваат своите вработени и потрошувачи на дополнителен ризик од Ковид-19. Верувам дека позитивните трендови ќе продолжат да се развиваат и понатаму, а е-трговците ќе продолжат да креираат позитивни навики кај потрошувачите кои несомнено ќе донесат уште поголем раст и развој на е-трговијата во земјата“, истакна генералниот секретар на АЕТМ Виктор Стојкоски по потпишувањето на Меморандумот.

Стојкоски посочи дека од новата соработка со ИДУЕП, Асоцијацијата очекува двете страни стремејќи се кон инклузивност, да вложат заеднички напори и да дадат поддршка во процесите на развојот на е-трговија и дигитализацијата.
Според анализите на ИДУЕП, дигиталната агенда и дебата освен кај бизнис заедницата, станува сè поактуелна во платформите и настапите на општествено-политичките чинители. Потребна е одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на секој граѓанин и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и правно лице.

„Дигитализацијата дава нови можности за секого, а брзата трансформација на општеството за почеток ќе ги намали турканиците и гужвите на шалтерите, односно ќе овозможи многу повеќе слободно време за секој човек. Тоа значи многу повеќе слободно време за своето семејство, прошетки, спортување, отпочнување на дополнителни бизнис активности, односно подобар квалитет на живот за секого. Според најновите статистички податоци на ДЗС просечната плата во ИТ индустријата изнесува над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период лани. Ова несомнено ни покажува дека ако сакаме да вложуваме во младите и во удобен живот за сегашните и идните генерации мора двојно повеќе да работиме на имплементирање на сите позитивни аспекти кои со себе ги носи дигитализацијата, односно ИТ новитетите“, посочи координаторот на програма при ИДУЕП, Бојан Кордалов по потпишувањето на заедничкиот Меморандум со АЕТМ.

Кордалов вели дека дигитализацијата е потребно да остане избор, а токму од соработката помеѓу ИДУЕП и АЕТМ се очекува да произлезе заеднички настап преку кој ќе се даде алтернатива и мотивација секој субјект да може се увери во можностите кои со себе ги нуди дигитализацијата, па и по завршувањето на коронакризата да продолжи да ги користи и унапредува онлајн услугите во е-трговијата, како и во јавните услуги кои ги нуди администрацијата на централно и локално ниво.

Во меморандумот се наведува дека АЕТМ и ИДУЕП ќе споделуваат релевантни информации од заеднички интерес, ќе споделуваат тековни и нови искуства, ќе учествуваат на настани од областа за е-трговијата, дигитализацијата и доброто управување, ќе разменуваат професионални совети и ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми кои се од поширок општествен интерес. Институтот и Асоцијацијата исто така меѓусебно ќе се информираат за планирање на активности на проекти и каде што постои можност ќе можат да реализираат заеднички проекти во земјата и странство.

Останато

Германија ќе им помага на домаќинствата за плаќање на сметките за струја

Објавено

на

Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕГИОНАЛНА ТРГОВСКА ПРЕСТОЛНИНА – Се отвара ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Објавено

на

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање



Популарно