Connect with us

Останато

АЕТМ и ДПИ ќе соработуваат за заеднички придонес во борбата со сивата економија во е-трговијата

Објавено

на

Со цел намалување на сивата економија во е-трговијата и зајакнување на меѓусебната соработка на Асоцијацијата за е-трговија и Државниот пазарен инспекторат, претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска и в.д. директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска потпишаа меморандум за соработка.

Во меморандумот се наведува дека АЕТМ и ДПИ ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе споделуваат тековни и нови искуства, ќе учествуваат на настани од областа за е-трговија, ќе разменуваат професионални совети и ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите на страните. Државниот пазарен инспекторат и Асоцијацијата исто така ќе организираат и заеднички активности поврзани со сивата економија во е-трговијата, кои ќе имаат за цел да влијаат на намалувањето на сивата екомонија во е-трговија и да го поттикнат работењето на е-трговците како регистрирани правни субјекти, следејќи ги прописите од законската регулатива, како и да поттикнат раст и развој на е-трговијата во Република Северна Македонија.

„Само со заеднички пристап можеме да влијаеме и да направиме посериозни промени. Потпишувањето на меморандумот означува заедничка реализација на активности кои ќе влијаат кон надминување на предизвиците со сивата економија во е-трговијата, меѓу кои најизразена е појавата на бројни нерегистрирани субјекти кои своите производи и услуги ги продаваат преку социјални медиуми, без издавање на фискална сметка или фактура за направената купопродажба. Ова е прв чекор од нашата соработка со Државниот пазарен инспекторат која во периодот кој следи ќе биде интензивирана во насока на заеднички придонeс кон намалување на сивата економија и понатамошен развој на е-трговијата.” – вели Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Преку потпишувањето на овој меморандум Државниот пазарен инспекторат се стекна со Почесно членство на во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

„Во време на брз пораст на е-трговијата во нашата држава и предизвиците кои таа ги носи со себе, како од аспект на контрола на работењето на е-трговците, што е и основна надлежност на ДПИ, така и од аспект на размена на искуства, информации за проблемите во работењето, но и потребата од соодветна законска регулатива, а се со цел да има коректна конкуренција и регулиран пазар, сметавме дека ни е потребно да оствариме една вакава соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, што секако е од обостран интерес. Оваа соработка ќе доведе до зајакнување на позицијата на ДПИ за поддршка на активности поврзани со е трговијата, до реализација на заеднички проекти од областа на истражувањето, управување со знаење, промени и организациски развој, како и стратешки менаџмент и секако ќе доведе до зголемување на видливоста на работата и надлежностите на ДПИ на локално, регионално и национално ниво.” – изјави В.Д. Директорот на ДПИ, Анета Симеска Димоска.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми да ги поддржи интересите на компаниите од е-трговијата, да ги намали бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на оваа индустрија, како и да придонесе кон зголемување на свеста и знаењето поврзано со е-трговијата преку многубројни проекти, иницијативи, соработки со владин и невладин сектор, организација на едукативни настани и изработка на анализи и извештаи. Борбата против сивата економија е еден од ограничувачките фактори за понатамошен развој на е-трговијата и затоа е потребен холистички пристап за да се влијае врз нејзино намалување.

Останато

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8,4%

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започна етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8,4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Објавено

на

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Објавено

на

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. (more…)

Продолжи со читање

Популарно