Connect with us

Електронско банкарство

АЕТМ и АЗЛП ќе соработуваат за поддршка на компаниите во е-трговија во процесот на усогласување со Законот за заштита на лични податоци

Објавено

на

Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата во усогласување на нивното работење со законските регулативи, денеска претседателката на АЕТМ, Др. Нина Ангеловска и Директорот на Агенција за заштита на личните податоци, Имер Алиу потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишување на меморандумот двете страни ќе се заложат заеднички да реализираат активности кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци и подобрување, надградба и прилагодување на воспоставените системи за заштита на личните податоци на членовите на асоцијацијата – компаниите со прописите за заштита на личните податоци. Дел од овие активности вклучуваат и воспоставување на механизми за доставување на информации и известувања до членовите на асоцијацијата – компаниите, со кои ќе им се дадат насоки кои чекори треба да ги преземат за да го усогласат своето работење со прописите за заштита на личните податоци. Исто така, Агенцијата и Асоцијацијата ќе споделуваат тековни информации и организираат заеднички настани поврзани со обработката на личните податоци и нивната заштита кои ќе имаат за цел да го поттикнат усогласувањето на секторското законодавство во Република Северна Македонија со прописите за заштита на личните податоци.

Усогласувањето на комппаниите од областа на е-трговија со новиот Закон за заштита на лични податоци кој е усогласен со Европската регулатива (GDPR) претставува своевиден предизвик за компаниите. Асоцијацијата за е-трговија има потпишано бројни меморандуми за соработка со засегнати институции во насока на унапредување на е-трговијата. Потпишувањето на овој меморандум за соработка со Агенцијата за заштита на лични податоци произлезе од потребата на членките и предизвиците со кои се соочуваат во процесот на усогласување со законсите прописи, начелата и правилниците. Заедно со Агенцијата за заштита на лични податоци ќе работиме на различни активности во насока на едукација и помош на компаниите во процесот, од една страна, а од друга страна на кревање на јавната свест за правото за заштита на лични податоци.  – вели Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Зголемувањето на концентрацијата и сложеноста на дигиталниот пазар ја намали можноста на луѓето како субјекти на личните податоци, да го контролираат нивниот дигитален живот, вклучително и што се случува со нивните лични податоците. За таа цел АЗЛП со задоволство ја прифати соработката со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку заемни иницијативи и активности да им помогне на компаниите да го усогласат работењето со Законот за заштита на личните податоци, а со тоа да ја зголемат транспарентноста и вербата кај граѓаните. Заедничка цел и стремеж на двете страни е да се усогласи секторското законодавство во Република Северна Македонија со прописите за заштита на личните податоци.” – изјави Директорот на АЗЛП, Имер Алиу. 

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми да ги поддржи интересите на компаниите од е-трговијата, да ги намали бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на оваа индустрија, како и да придонесе кон зголемување на свеста и знаењето поврзано со е-трговијата преку многубројни проекти, иницијативи, соработки со владин и невладин сектор, организација на едукативни настани и изработка на анализи и извештаи.

Електронско банкарство

НЛБ го збогатува електронското банкарство со нови функционалности

Објавено

на

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“МОЈ БАНКАР” за правни лица

Објавено

на

УНИБанка промовира нова услуга за правни лица. “МОЈ БАНКАР” Професионална, персонализирана и постојана поддршка во извршување на секојдневните банкарски активности на компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

Објавено

на

Пандемијата придонесе за забрзување на растот на е-трговијата, но покрај растот на продажбите кај регистрираните е-трговци се зголеми и бројот на нерегистрирани субјекти кои целата своја дејност ја обавуваат преку социјалните медиуми. Овие субјекти нудат најразлични производи, без издавање на сметка/фактура или можност за враќање и изразување на незадоволството доколку купувачот не го добил она што му било ветено. Купувачите, во услови кога не добиле потврда за купувањето немаат можност да бидат заштитени како потрошувачи и да бидат заштитени согласно закон од наделжните институции. (more…)

Продолжи со читање


Популарно