Connect with us

Домашни банки

АД Пошта ја прифати понудата за соработка со Халкбанк АД Скопје, се чека согласност од Владата

Објавено

на

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија” на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка со Халкбанк АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.

„Управниот одбор на АД Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халкбанк АД Скопје”, стои во соопштението објавено на веб страницата на Поштата.

Домашни банки

НЛБ Банка со извонредни бројки, остварувајќи добивка од неверојатни 18,4 милиони евра за шест месеци од 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во првото полугодие од 2021 година

Објавено

на

Во вториот квартал од 2021 година, македонската економија сè уште се одвива во услови на пандемија. Најавите за силен трет бран на пандемијата во државата се материјализираа на почетокот од вториот квартал од 2021 година и доведоа до значително отежнати околности за нормално функционирање на населението и на деловните субјекти. Во ситуација на зголемени ограничувања и рестрикции во движењето и во извршувањето на економската дејност, а при бавен и неизвесен процес на вакцинација на населението, се намалија очекувањата за брз излез од кризата и воспоставување нормални текови во функционирањето на економијата. Иако одобрените вакцини ја подигнуваат надежта за пресврт на пандемијата во текот на 2021 година, повторните бранови и новите видови на вирусот предизвикуваат загриженост за резултатот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ДАЛЕКУ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ – Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка од 17,8 милиони евра во првите 6 месеци од 2021 година

Објавено

на

Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД – Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година. За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно