Connect with us

Форекс

“Адора Инженеринг” купи 48.837 акции од Комерцијална банка и сега поседува 15% од банката

Објавено

на

Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт и понатаму купува акции од Комерцијална банка АД Скопје и градежниот бизнис го заменува со инвестирање во акции од најголемата банка во земјава.

Ова правно лице, чиј сопственик е филантропот Ванчо Чифлиганец во текот на вчерашниот ден извршило купување на речиси 49 илјади акции обични акции.

Банката, преку Македонска берза информираше за оваа ценовно сензитивна купопродажба. Во соопштението се вели:

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Вчера (17 јуни), една акција на Комерцијална банка имаше вредност од 8.750 денари.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно