Осигурување
Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво


Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото.
Доскорешниот независен член на Надзорниот одбор г-дин Никола Танасоски си поднесе оставка од функцијата, а на негово место како независен член на Надзорниот одбор беше избран г-дин Мирослав Вујиќ.
Претходно изборот на г-дин Мирослав Вујиќ за независен член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје е одобрен од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Исто така, МАПАС го одобри и реизборот на останатите членови на Надзорниот одбор: г-дин Аљоша Уршич, г-дин Блаж Кметец и г-дин Дарко Поповски.
Уписот на промените е извршен и во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 24.11.2020 година.
Истовремено, Триглав осигурување АД информира дека на Собранието на акционери закажано за 25 декември годинава дека Војдан Јорданов кој е актуелен директор на Триглав пензиско друштво АД Скопје ќе биде избран за нов член на Управниот одбор на Триглав осигурување АД.
Осигурување
Успеси кои немаше да бидат постигнати без поддршката на Халк Осигурување


Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг. (more…)
Осигурување
Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување


Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)
Осигурување
Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“


Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје