Останато
Адвокатите се дигитализираат!


Адвокатурата како професија се модернизира! Од адвокатските канцеларии се очекува електронско водење на документацијата, брз пристап до документите од разни рочишта, безбедност на податоците.
Специјализираната програма „Е-Едвокат“ обезбедува детални записи за сите случаи, рочишта, тужби, извештаи, како и нивните видови (на пример, рочишта во следните 7 дена, сослушувања без извештаи, случаи од клиенти, датуми, дејствија во постапката, итн). Овој начин на организирање на работата на адвокатската канцеларија дава можност за брзо и лесно пребарување на целата документација и следење на фазите на сите дејствија во постапката.
Добрата организација е клучот за успехот на една адвокатска канцеларија!
Добра организација на една адвокатска канцеларија значи максимално искористување на времето со зголемен квалитет на работата и резултатите. Е-адвокат е огледало на добро организираната работа на секоја успешна адвокатска канцеларија.
Извршување на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Модернизацијата им помага на адвокатите да ја зголемат својата ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит. За неколку години, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали, средни и големи – туку на паметни адвокатски канцеларии и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време.
“Е-адвокат им овозможува на адвокатските фирми да ја чуваат целата своја документација (вклучително и електронски потпишан документ) во еден систем во согласност со сите законски прописи. Архивирањето, складирањето, пребарувањето и управувањето со сите случаи е значително забрзано, притоа постигнувајќи повисоко ниво на квалитет на работата на адвокатската канцеларија.”, смета г. Трајче Манолев од компанијата Маркант Софтвер која ја разви платформата, со поддршка на ФИТР.
После сè што се случи, и по она што продолжува да се случува, време е да се запрашаме, што е следно?
Дигиталната револуција на 21 век ни донесе мал милион дигитални алатки и функционалности, кои ја имаат моќта да ни го подобрат квалитетот на живот и работа, како и да го зголемат профитот, ако се користат на правилниот начин. Паметните претприемачи и адвокати веќе го направија првиот чекор кон прифаќање на дигиталната револуција која се случува околу нас. Сега вие сте на ред!
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје