Connect with us

Останато

Агенција „Марили“ избра топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019

Објавено

на

Агенција „Марили“ ги избра најуспешните жени менаџери за 2019 година.

Ова е 24-ти избор и промоција на жената во бизнисот. Оваа топ десетка ја сочинуваат:

  1. Мерита Рамадани Алими, Директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје
  2. Маја Бабиќ, Извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје
  3. Татјана Дејаноска, Директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар
  4. Д-р Даниела Димитрова, Сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје
  5. Наталија Дренковска, Менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија
  6. Олга Јосевска, Оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија
  7. Даниела Китанова, Менаџер на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, EVN Group
  8. Магдица Костадинова, Извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје
  9. Марија Кукуновска, Генерален менаџер на „Биспаг противпожарна техника“ – Скопје
  10. Жанета Џафер, Генерален менаџер на козметичко-фризерско студио „Жанета Естетик“

Изборот е направен според веќе воспоставените критериуми – избираме од успешни приватни компании од различни области и дејности од целата држава. Менаџерките беа воглавно препорачани од нивни деловни колеги и партнери како успешни менаџери, но и личности со високи морални вредности. Притоа беше почитувана личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор.

Манифестацијата „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери“ е најстара на Балканот и е високо етаблирана во општеството и медиумски одлично поддржана.

Промоцијата на лауреатките ќе продолжи на веб порталот на агенција „Марили“ каде тие ќе бидат претставени со нивни интервјуа и видео материјали, а свеченоста и доделувањето на признанијата ќе се одржи откако ќе биде надмината ситуацијата со ширење на заразата од вирусот Ковид-19.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно