Connect with us

Останато

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Агенцијата за поддршка на претприемништво објави јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија, кој ќе биде отворен до 29 април годинава.

Услугата – менторство е бесплатна, а се релизира според методологијата што АППРСМ ја разви во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и има за цел да обезбеди сеопфатна поддршка за непречен развој и подобри деловни резултати на економските субјекти во земјава.

Заинтересираните стопанственици ќе имаат на располагање обучено стручно лице – ментор, кој ќе работи директно со сопственикот/менаџментот на претпријатието.

„Услугата се однесува на бесплатно менторство за новооснованите мали и средни претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавување на Јавниот повик како и постоечки претпријатија, со бизнис подолг од 3 години (регистрирани пред март 2018 година), кои се наоѓаат во клучен момент за нивен понатамошен развој или опстанок на пазарот”, информираат од Агенцијата за претприемништво.

Право на учество имаат компании кои се регистрирани во земјава со доминатно домашен капитал, да ги имаат подмирено сите давачки како даноци и придонеси, да немаат деловна активност во воената индустрија и да не организираат игри на среќа.

Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пат на пошта до надлежните регионалните центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со назнака: „Барање за јавен повик за менторски услуги во 2020 година”.

Обрасците за пријавување се достапни на веб-страницата на АППРСМ: http://www.apprm.gov.mk/Javen_Povik-Mentorstvo, и https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/

За подетални информации, сите заинтересирани можат да се јават во регионалните центри или АППРСМ преку е-пошта, mentoring@apprm.gov.mk.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно