Connect with us

Странски банки

Австрија издаде 100-годишна обврзницa

Објавено

на

Австрија издаде обврзница со рок на доспевање за 100 години која наиде на голем интерес од страна на инвеститорите, пренесуваат локалните медиуми.

Со ова издавање Владата сака да собере две милијарди евра, со купонска каматна стапка од само 0,85 проценти и рок на доспевање 2120 година.

Австриската Влада првпат издаде 100-годишна обврзница во 2017 година, но со значително повисока купонска каматна стапка од 2,1 проценти.

Вкупната вредност на понудите собрани за новоиздадената обврзница изнесуваше дури 17,7 милијарди евра, соопшти менаџерот кој го организирање издавањето.

Австрија е единствената земја во Европа која јавно продава обврзници со толку долг рок на доспевање. Земјите како Белгија и Ирска исто така ги издаваа, но со помали номинални суми, и ги пласираа на затворен круг инвеститори.

Датумот на доспевање е најдолг во Европа од првото тромесечие од годинава кога пазарите беа потресени од пандемијата на коронавирусот. Само Израел, во меѓувреме, издаде обврзница со толку долг рок на доспевање.

„Ова јасно покажува дека пазарот се нормализира и закрепна од кризата затоа што пред два месеци Владата не би можела да продаде обврзница со таа вредност”, објасни Мајкл Лестер од германската „Commerzbank“.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно