Connect with us

Останато

Австралија падна во рецесија по 29 години

Објавено

на

Австралија влезе во својата прва рецесија после 29 години, потврди министерот за финансии, откако заводот за статистика го објави падот на економијата во првиот квартал.

Економијата падна за 0,3 проценти во првиот квартал од претходните три месеци, пред се поради пожарите, сушите и пандемијата на коронавирусот.

На годишно ниво, економскиот раст се намали на 1,4 проценти во првите три месеци од оваа година, според австралиската канцеларија за статистика „АБС”.

„Ова е најслаб раст од 2009 година, кога Австралија се најде на средина на глобалната финансиска криза и вклучува само почеток на економските последици предизвикани од Ковид-19“, рече Брус Хокман, главен економист на „АБС”.

Министерот Џош Фриденберг изјави дека Австралија влегува во рецесија за прв пат по 29 години.

Австралија не била во рецесија, дефинирана како две последователни тримесечја со опаѓачката активност, уште од далечната 1991 година, поставувајќи нов рекорд меѓу развиените земји кога станува збор за непрекинат раст, иако растот е забавен во последните години.

Податоците за вториот квартал ќе бидат објавени во септември, кога и официјално ќе биде извесетено за првата рецесија за цели три децении.

Фриденберг вели дека економскиот пад во вториот квартал ќе биде далеку повисок и поизразен.

„Ова е проценка заснована врз информациите што ги добив од Министерството за финансии за тоа што се очекува во вториот квартал“, изјави тој по објавувањето на извештајот на „АБС”.

Пред корона кризата, 13-та најголема светска економија, единствената од групата ОЕЦД која не падна во рецесија за време на глобалната финансиска криза, беше на добар пат оваа година да го оствари својот прв буџетски суфицит во 12 години.

Останато

Богатството на Џеф Безос расте се повеќе и повеќе, надминувајќи 180 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Amazon“, соопшти „Forbes“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ОДНОВО СЕ ПАЛИ АЛАРМОТ: Стопанската комора на Србија повторно го активираше Ковид-19 инфо сервисот

Објавено

на

Стопанската комора на Србија ја реактивираше специјализираниот информативен сервис Ковид-19, преку кој бизнисмените можат да добијат информации за сите клучни деловни проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно