Connect with us

Останато

88,1% од доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

Објавено

на

Зградата на Еуростандард банка треба да се продаде што поскоро сметаат 88,1% од доверителите, истакнувајќи дека секое одолговлекување е на нивна штета. На неодамнешното собрание по повод третата лицтација за продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка, доверители остро се спротивставиле на предлогот на Стечајниот управник и стечајниот судија дека е потребно повторно да се прави проценка на вредноста на зградата. Тие јасно го изразиле својот став дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива.

На доверителите им е комплетно јасна моменталната ситуација, дека ако не се комплетира успешно третата аукција, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина, и по која цена.  А интересот за купување на оваа зграда е мал само една компанија лицитира.

Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. Имајќи го во предвид фактот дека станува збор за голем износ на средства кои треба да се издвојат, сосем е логично зошто доверителите се за побрза продажба.

Од непродавањето на деловната зграда на Еуростандард банка губат штедачите, доверителите, граѓаните и државата. Поминува време а објектот ќе губи од својата вредност! Истиот повеќе од две години нема сопственик и не се одржува.

Носителите на овој процес (стечајниот управник и стечајниот судија) треба да дадат одговор на  прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата?  Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку. Дали самиот чин на распределба е добар?

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

Останато

Започнува GrowBiz Стартап 2024 – Менторска програма за започнување на сопствен бизнис во Македонија

Објавено

на

Невладината организација ЛинкАкрос продолжува и оваа година со програмата GrowBiz Стартап, за менторска поддршка на претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис во Македонија.

Програмата почнува со бесплатен настан за нови и потенцијални претприемачи кој ќе се одржи на 2ри април во Скопје на којшто говорници од САД и Македонија ќе споделат на темата „Од сон до успешен бизнис – 7 прашања што треба да ги одговорите за да избегнете неуспех“.

Клеј Бутемер, извршен директор на ЛинкАкрос изјави: „GrowBiz Стартап нуди уникатна можност за нови претприемачки во Македонија да добијат бизнис ментори од САД и Македонија кои ќе им помогнат да започнат успешен бизнис, бизнис што е пазарно-ориентирано и водено од позитивни вредности, бизнис што ќе создаде вистинска вредност и за претприемачот и за општеството.“

Оваа програма за прв пат започна во 2022 година, и преку неа повеќе од 35 претприемачи од Македонија и Албанија ја развиле својата бизнис идеја со помош на менторските тимови.

Подетални информации за програмата и линк за регистрација за бесплатниот настан „Од сон до успешен бизнис“ се достапни на веб страната https://growbiz.mk/od-son-do-uspesen-biznis.

Продолжи со читање

НБРМ

Учениците Кирил и Кристијан од Ресен по втор пат се национални победници на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите. Ова е втора победа на двајцата ученици, оваа година како средношколци, откако и лани го освоија првото место на националниот натпревар. Тие ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 19 април во Брисел, Белгија.

Второто место го освоија Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски Дренсо менторката Билјана Ниновска, додека третопласирани беа Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци,  со менторката Лоска Давчева.

На националниот натпревар годинава се пријавија 525 тимови од 85 училишта, менторирани од 102 професори. На македонски јазик се натпреваруваа 479 тимови, а 46 тимови се натпреваруваа на албански јазик. На финалниот натпревар којшто се одржа во просториите на МБА, учествуваа најдобрите тимови од првиот круг и беше прогласен најдобриот национален тим.

Продолжи со читање

Останато

Алијансата за родова еднаквост на работното место со впечатлива кампања го одбележа месецот на жената

Објавено

на

По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, и воедно, месецот на жената, Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, која се залага за еднаквост на работното место, изработи креативна кампања насловена “Мит наспроти Факт”, со цел разоткривање на погрешните размислувања или митови кои се јавуваат на оваа тема, и истакнување на реалноста за родовата еднаквост во Северна Македонија и предизвиците со кои се соочуваат одредени поединци.

За потребите на кампањата беа користени статистики кои се базирани на истражувања и студии од Државниот завод за статистика, Светскиот Економски Форум, Светската Банка и Европскиот институт за родова еднаквост, токму со цел да се разбијат некои од митовите кои се јавуваат кога станува збор за родовата еднаквост на работното место преку впечатливи креативи и реклами на социјалните медиуми на GEA.

Кампањата заврши со настан каде што беа присутни околу 60 гости, меѓу кои и г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, Шефот на кабинетот од Министерството за труд и социјална работа – Наташа Димеска, членови на Советот на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, соработници, партнери, поддржувачи на ГЕА и претставници од бизнис секторот, кои имаа можност да се придружат кон реализирање на крајната цел на кампањата – подигнување на свеста за состојбата и фактите за родовата еднаквост на работното место во Северна Македонија и Европа преку интерактивен квиз и меѓусебно дружење за споделување на позитивни примери поврзани со најдобрите практики за постигнување родова еднаквост на работното место.

Свое поздравно обраќање на настанот имаше претседателката на ГЕА, Нина Ангеловска, која што изјави: “Мит е дека родова еднаквост постои, мит е дека родовата еднаквост на работното место е постигната во развиените земји, а дека недостига во земјите во развој, мит е дека е женска борба и дека мажите немаат улога. Фактите покажуваат дека не е така, односно со статистичките бројки се побиваат митовите, каде што јасно се гледа дека родовата еднаквост не е постигната и жените се платени помалку, помалку се застапени во управувањето итн. Со овие митови и факти кои се дел од кампањата се надеваме дека ќе ја доближиме вистината за состобјата повеќе до сите. Затоа, една од задачите на Алијансата е да ја креваме свеста и да поттикнеме дискусија во која ќе бидат вклучени што повеќе мажи, бидејќи родовата еднаквост не е само женско прашање, тоа е социјален и економски императив..”

На настанот беа доделени две специјални признанија – на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност за подигнување на свеста за родовата еднаквост во Република Северна Македонија и на г-ѓа Јованка Тренчевска за придонесот и посветеноста за реализација на кампањата „Гласна и храбра“ за економското зајакнување на жените во Република Северна Македонија, како и призанија на партнерите и поддржувачите на ГЕА за својот придонес во промовирањето на родова еднаквост на работното место во Република Северна Македонија.

Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија изрази поддршка за работата на Алијансата за родова еднаквост со оглед на тоа дека третира тема која е важна и во работата на Кабинетот на претседателот. Таа истакна дека кога жените имаат еднаков пристап до можностите за вработување, има и повеќе можност и за економски раст, а се користи и целосно талентот во едно општество. Родовата еднаквост е важна, не само во однос на пазарот на труд, туку и во сите сфери на општеството затоа што кога им овозможуваме поголем напредок и учество на жените, тогаш има и правичност и социјална правда и поголем учинок на компаниите и институциите. Во таа насока г-ѓа Ѓоргиевска додаде дека борбата за родова еднаквост мора да продолжи со заеднички ангажман и на државните институции, бизнис и граѓанскиот сектор, како и на секој поединец.

Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се еднакво вреднувани за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за Родова еднаквост при UN Women и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 – Родова Еднаквост.

Инаку, Алијансата е формирана со поддршката од Мastercard, Eurolink и Casys како главни партнери, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје и A1 Македонија како партнери, Roche, Сава Осигурување, Сава Пензиско и Евроинс Осигурување како поддржувачи, а е отворена за сите кои сакаат да се вклучат и да ја поддржат нејзината работа и да придонесат кон поголема родова еднаквост на работното место.

Повеќе информации за Алијансата за родова еднаквост на работното место можат да се погледнат на следниот линк: https://genderequalityalliance.org/.

Продолжи со читање

Популарно