Connect with us

Странски банки

UniCredit оствари нето добивка од 945 милиони евра

Објавено

на

UniCredit оствари нето добивка во износ од 945 милиони евра во вториот квартал. Резултатите на финансиската институција ги надмина очекувањата на аналитичарите благодарение на напорите за промена под водство на главниот извршен директор Жан Пјер Мустие, кој беше назначен минатата година.

Банката со седиште во Милано, која ја заврши постапка за прибирање на капитал во износ од 13 милијарди евра во почетокот на 2017-та година, објави дека приходите и нето приходот од каматата се зголемуваат во текот на вториот квартал. Во исто време се намалува изложеноста кон заемите кои го поразија италијанскиот банкарски сектор по финансиската криза и рецесијата.

„Резултатите во вториот квартал потврдуваат позитивното влијание на стратешкиот план на банката Transform 2019, што веќе се забележа и во првиот квартал. Сите наши тимови остануваат фокусирани на успешното спроведување на планот“ – коментира Мустие.

Во вториот квартал изложеноста на UniCredit кон бруто надзорните кредити се намалува за 4,2% до 53 милијарди евра. Во последните 12 месеци падот достигнува 30%.

Аналитичарите прогнозираа нето добивка од 676 милиони евра за вториот квартал врз основа на приходи од 4,7 милијарди евра. Приходите на банката сепак достигнуваат 4,9 милијарди евра. Нето приходите од камати изнесуваат 2,7 милијарди евра, што е малку повеќе во однос на првиот квартал и над прогнозите за 2,6 милијарди евра.

Странски банки

Credit Agricole оствари 6,8 милијарди евра нето приход во 2018 година

Објавено

на

Втората по големина француска банка по пазарна вредност, Credit Agricole SA оствари нето приход од 6,8 милијарди евра во 2018 година, што претставува зголемување од 4,7% во споредба со претходната 2017 година.

Одлично ниво на превземања на клиентите во текот на годината, особено во банкарството на мало во Франција и Италија (1,8 милиони во нови деловни односи) и продолжување на успешната работа во крос-продажбата ги неутрализира негативните ефекти на ниските каматни стапки, слабиот економски раст во Европа и неповолното пазарно окружување во последниот квартал, при што Банката оствари раст на приходите.

Во согласност со среднорочниот план на “стратешките амбиции 2020”, стабилниот, разновиден и профитабилен бизнис модел на Групацијата доведе до органски раст во сите деловни линии, главно, преку синергија помеѓу специјализирани деловни линии и малопродажната мрежа и  обезбеди високо ниво на оперативна ефикасност и со тоа создавање на услови за нови инвестиции во развој.

S&P Global Ratings на 19 октомври 2018 година, го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Credit Agricole SA и нејзините главни подружници за еден степен од А до А + со стабилен изглед.

Финансиска стабилност е дополнително зголемена во четвртиот квартал, со истовремено подобрување на адекватноста на капиталот CET1 од 0,1 процентни поени на 15,0%, што е за 550 базични поени повеќе од барањата на регулаторот.

Продолжи со читање

Странски банки

Кинеските банки одобрија рекордни 3.230 милијарди јуани за кредити

Објавено

на

Кинеските банки одобриле рекорден износ на кредити во јануари, бидејќи државата се обидува да ги поттикне инвестициите и да го спречи острото забавување на растот на економијата.

Банките одобрија рекордни 3,230 милијарди јуани (476,87 милијарди долари) нови кредити во јануари, што е далеку повеќе од очекувањата и притоа надминубајќи го рекордот од 2,900 милијарди јуани од јануари 2018 година, објави агенција Ројтерс.

Аналитичарите интервјуирани од агенцијата предвидуваа дека во јануари ќе бидат одобрени 2.800 милијарди јуани нови кредити, во споредба со 1.080 милијарди јуани од декември.

Според извештајот на Националната банка на Кина, побарувачката за заеми остро се зголеми во корпоративниот сектор, а пораст има и кај домаќинствата.

Корпоративните заеми пораснаа на 2.580 милијарди јуани од 473.3 милијарди јуани во декември, додека кредитите за домаќинствата се зголемија на 989.8 милијарди јуани од претходните 450.4 милијарди јуани за изминатиот месец.

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката и дивидендата на Credit Agricole се повисоки од очекувањата

Објавено

на

Credit Agricole SA, втората по големина француска банка по пазарна вредност, во последниот квартал (Q4) 2018, забележа поголем профит од очекувањата на аналитичарите, по зголемувањето на приходите од продажба и намалените трошоци за данок.

Нето добивката на банката со седиште во Париз во последниот квартал изнесува 1 милијарда евра, во споредба со профитот од 387 милиони евра за истиот период од 2017 година, кога банката прокнижи 400 милиони евра во даночни такси.

Добивката пред оданочување се зголеми за 6,5% и изнесува 1,38 милијарди евра. Приходите од продажба во Q4 се зголемиле за 4,3% за период од една година и изнесуваа вкупно 4,85 милијарди евра.

Од банката најавија и исплата на дивиденда за минатата година во износ од 0,69 евра по акција, што е подобро од очекувањата на аналитичарите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange