Connect with us

Колумни

Tip of the Week – Feedback

Објавено

на

Секој четврток ќе се објавуваат текстови на различни теми од областа на економијата, маркетингот или продажбата, односно теми кои не засегаат сите нас во секојдневното работење.

Темите, се надеваме ќе успеат да ви го привлечат вниманието. Овде ќе прочитате нешто ново, кое ќе ве натера да си поставувате прашања или ќе ви отвори дискусии со ваши пријатели или колеги.

Наместете ги вашите потсетници за следниот четврток!!!

Tip of the Week #327

TOW#327-Feedback

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој www.macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php 

Сите сакаме да слушнеме од релевантни луѓе адекватен feedback за некоја работа што сме ја завршиле или сме ја започнале, но не знам колку сме навистина подготвени да го чуеме тоа. Не за друго, вистината понекогаш (да не кажам секогаш) боли. Затоа, слушањето и процесирањето на еден feedback е доста “захтевна” работа, како за примателот, но така и за личноста што ја дава.

Можеби и тоа е причината што постојат мал милион техники на споделување на feedback на соговорникот и сите тие, на некој начин, се насочени кон тоа како примачот ќе ја прими информацијата што сакате да ја пренесете.

Па така, постојат:

ЕФЕКТИВЕН – чија цел е информациите што се пренесуваат, во иднина ефективно да се користат самостојно од примателот на информацијата. Критичкиот осврт кај овој метод е за да се опишат слабите и јаките страни.

ОПИСЕН – преку која на описен начин се укажува на грешките и како да се оди понатаму, но и што треба да се подобри.

ЕВАЛУАЦИОНЕН – каде што преку оцена или соодветна градација се мерат постигнувањата и не дава никакви насоки за тоа каде и што треба да се подобри.

МОТИВАЦИСКИ – кој се дава да се поддржи и да се поттикне работата на соговорникот, но не дава насоки за подобрување туку само поддршка во сработеното, па затоа најчесто се дава како последна, односно кога сите претходно наведени се исцрпени.

И како што можете да прочитате, сите овие горенаведени начини имаа свое значење во понатамошниот тек на соработката или дружбата со соговорниците или пријателите. Дополнително на ова, повторно ќе кажам, не секој (поголем број, за жал) сака да го чуе вашето мислење, не затоа што не сакаат туку затоа што не се подготвени.

Затоа, начинот на кој ќе го кажете вашето мислење е многу важен. И, ако направите истражување на интернет, ќе најдете многу начини како да го направите тоа, но кој и метод да го искористите, гледајте тоа да биде врз сопствено искуство. Вашето мислење засновајте го на вашето искуство или како би го направиле тоа вие. Што би направиле во таква ситуација или веќе сте направиле. Не за друго, туку сите други начини се сведуваат на тоа дека соговорникот е критикуван, а со тоа е нападнато и неговото его, а тоа секако, не го сакаме. А доколку го темелите на сопствено искуство, тогаш ем што го кажувате вашето мислење, ем е врз основа на ваше искуство.

Пробајте, ќе забележите многу работи, меѓу кои:
Давање ваше мислење врз основа на ваше искуство (исто или слично на темата што сакате да ја обработите) има друга димензија.
Ако немате искуство, можеби не сте компетентни да давате ваше мислење.
Ќе ви овозможи да научите нови работи, а сте требале вие да „научите” некого.

Тешко е, но не и невозможно.

Со успех во промените,

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

 

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange