Connect with us

Колумни

Tip of the week – Премногу обврски

Објавено

на

Многу обврски! Многу различни задачи! Многу кратко време! Дали се наоѓате понекогаш во ваква ситуација?

Доколку одговорите: 

Постојано: тогаш нешто не е во ред! Или со компанијата и организацијата на тимот во која работите или вие генерално лошо ги менаџирате вашите обврски и мора сериозно да поработите на вашите организациски и работни вештини.

Понекогаш: тогаш овој неделен совет може да ви помогне барем малку да си ја олесните состојбата.

Во секој случај, овој неделен совет го пишувам првично за себе, да си помогнам и да се мотивирам за да применам некои од можните техники и барем малку да си олеснам во овој бурен период на работа. Што може да направиме:

Да ја прифатиме состојбата: ако станува збор за период за кој знаеме дека доаѓа или сме веќе навлезени, треба да прифатиме дека ќе треба да дадеме повеќе од просечно. Треба да прифатиме дека ќе има повеќе метеж (клиенти, состаноци, задачи, телефони, пошта…). Треба да прифатиме дека ќе се случуваат грешки и пропусти и дека ќе постои тензија помеѓу колегите. Знаејќи го ова, треба да се подготвиме и физички и психички за да се организираме најдобро, а сè со цел најефикасно да се искористи времето и да го намалиме стресот.

Подобра приоретизација: нормално, секогаш е најдобро доколку не дозволиме иницијално да се најдеме во ваква ситуација. Тоа зависи најмногу од планирањето и нашата вештина за добро приоретизирање. Да не ги работиме работите што ни се допаѓаат или ни се полесни, туку да ги планираме според важност, итност и дали се за нас. Нормално е да се најдете во ситуација кога повеќе активности се важни и итни, но ако застанете и ги погледнете работите од страна, ќе видите дека секогаш има некоја поважна и поитна.

Делегирање: доколку не е за вас, веднаш делегирајте и најдете кој може да ја заврши работата најдобро. Или, ако е таа за вас, а може да ја префрлите кај некој колега кој се понудил да ви помогне, дајте му најдобри (најјасни) насоки за извршување на задачата. Колку повеќе детални и правилни насоки, толку помалку ќе има грешки и нервози од двете страни. Бидете тука за помош и за консултации.

Фокус: алатки и одземачи на внимание и дефокусирање има безброј (телефон, е-пошта, колега, сонце, Facebook, Twitter, Insta…). Наша задача е да успееме да ги игнорираме целосно или да направиме добар филтер за нивно селектирање и намалување на пречките. На тој начин ќе може повеќе да се фокусирате на работите. Доколку сте карактер кој лесно му „лета паметот”, тогаш најдобар филтер е целосно да се исклучите од тие мамки и максимално да посветите време за завршување на обврските.

Кратки паузи: работење на неколку задачи истовремено (multitasking) е добра вежба за мозокот, но знае да го оптовари многу и да ја зголеми веројатноста за правење грешки. Тоа е најмногу поради префрлањето од задача на задача. Со цел да се намали тој негативен ефект, правете кратки паузи при трансферот од една кон друга задача.

Организација на тимот: во ваква ситуација секогаш добра и оптимална организација на тимот е од витално значење. Ако сте менаџер, направете најсоодветна формација на тимот, а во ваква ситуација дури дозволено е и да се промени основната шема/поставеност.

Оптималност во извршување на задачата: ако сте перфекционисти и деталисти, во овие ситуации, вие најтешко си поминувате. Но, мора да сте свесни и да прифатите дека во тие моменти не може да ги завршувате работите со максимален учинок. Вие мора да ги задоволите нормалните стандарди и да знаете дека некаде ќе мора да се пресече и нешто да се жртвува.

Нешто ќе пропуштите: колку и да бидете вешти, јаки, подготвени, испраксирани, сепак нешто ќе се пропушти. Не си ставајте товар и не кукајте за пропуштеното. Гледајте што може да научите од тоа и одете понатаму.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

It’s a Digital, Digital world!

Објавено

на

Да, ова е дигитален свет и иако не се родивме во таков, дефинитивно ни годи!

Добар дел од компаниите и брендовите во денешницата се создадени на овој фронтиер и се пред своето време, друг дел одлично се адаптирани, но постојат и оние кои не се снаоѓаат најдобро во истиот. Затоа одвојте дел од вашето скапоцено време, за да позборуваме за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Ќе почнам со најинтересното и воедно најкрупното нешто кое ни се случува – социјалните медиуми. Колку и што од можеме да добиеме од нив?

Имено, на почетоците од мојата кариера со малку искуство, малку познавање на графички дизајн, малку контакти, но многу желба и идеи, социјалните мрежи беа „тука за мене“. Ми понудија начин да експериментирам во комуникацијата со различните целни групи. Открив многу интересни модели на однесување на публиката. Сето ова ме чинеше само: интернет, струја и некоја кутија цигари… Тогаш, да бидам искрен не замислував дека од оваа социјална мрежа ќе се роди цела индустрија и ќе биде еден од водечките канали застапен во буџетите. За мене на маркетинг тронот се уште беа традиционалните медиуми и пристапи. Но, еве после 10 години сум горд застапник на социјалните мрежи и дигиталните комуникации и тврдам дека нивното време допрва доаѓа.

Последните 6 години сум во автомобилската индустрија во која маркетинг буџетите драстично се намалија во изминатите 8 години. Слабата продажба и увозот на користени автомобили, значително ја отежнаа работата на луѓето и агенциите задолжени за маркетинг. Социјалните мрежи во овие „кризни времиња“ се покажаа како секирче на мраз за да се продолжи качувањето нагоре.

Секој корисник на различна социјална мрежа има различна природа или е од различен вид. Така на пример, ако го земеме просечниот корисник на најпопуларната мрежа Facebook, тој се карактеризира со потреба да му се обратите лично. Затоа ги имаме оние коментари како „cena?”„ima 38?“… Ова од вас бара поголема посветеност и ресурси, но од друга страна овозможува директно да допрете до корисникот од овој вид. Со последните новини кои овозможуваат на секој коментар да одговорите во приватна порака, апсолутно се подобрува директното обраќање и ви се овозможува на корисникот да му дадете “tailor made” понуда. Социјалните мрежи, како и корисниците се жива материја. Тие се менуваат регуларно. Она што допрва доаѓа и ќе се покаже „поживо“ од било што друго е Вештачката интелигенција. Иронично нели?

Останатите новини коа беа воведени конкретно на Facebook во последните години како Instant Articles го задржуваат корисникот на мрежата дури и кога тој мисли дека веќе излегол. Апсолутно сите истражувања покажуваат дека користењето на социјалните мрежи расте и дека порталите т.е. веб страните се борат за 30 до 60 секунди внимание кое корисникот би го потрошил на нивниот сајт и веднаш би се вратил да “скрола“ на мрежата. Ова е уште еден факт за исплатливоста на инвестицијата во платен маркетинг на социјалните мрежи.

Но, внимавајте, во буџетот секогаш да предвидите микс од Онлајн, Дигитални и Социјални медиуми. Бидејќи со дедицирање на целиот закуп само на социјални медиуми ризикувате да не добиете доволна ПР поддршка кај веб страните кои се од интерес за вашата целна група.

Друго на што морате да обратите внимание се „синовите и ќерките“ на Социјалните мрежи, т.е. таканаречените Инфлуенсери. Оваа категорија оди чекор понатаму во онаа директна комуникација и потреба за идентификација на корисниците. Да, луѓето се идолизирани и чувствуваат дека тоа можат да бидат и тие и дека тоа е нивен “cool” пријател.

Инфлуенсерите добиваат многу поголем reach во последно време особено во Македонија поради неколку факти:
Прво, по целиот скандал од бастионот на “fake news“ во светот, Титов Велес по старо, Трампов Велес по ново, Facebook значително го ограничи и го скрати reach-от на сите Facebook страни кои доаѓаат, се водат, или на било кој начин се поврзани со Македонија;
Второ, множењето на медиуми во просторот и социјалните мрежи кои ни ги донесе политичката нестабилност и политичката пропаганда, се оформија и зрачат многу медиуми кои не постојат за целта на реално, критичко известување, туку за други помалку или повеќе познати цели.

Трката за број еден социјална мрежа почнува да биде густа меѓу Facebook и „посинокот“ Instagram. Иако по број на корисници можеби доминира Facebook, во поглед на опфатот и ефектот на пораките Instagram со воведувањето на опцијата Stories, како да доби силен ветер во грбот и брзо гази напред.

Во некоја друга прилика, ќе ги споменеме и останатите социјални мрежи, некои успешни стратегии, како и моќните SEM, Programmatic и слично.
Морам да одам, имам некои постови и кампања за одобрување…

Извор: marketing365.mk

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange