Connect with us

Колумни

Tip of the week – Откажување на работите

Објавено

на

Хмм… откажувањето на проекти или започнати работи е многу лоша работа. Тие претставуваат загуба на пари и на луѓе. Од друга страна, пак, самото откажување влијае и врз моралот на луѓето кои биле инволвирани во имплементацијата.

 

Важно е да се знае дека сите проекти не можат да бидат успешно завршени. Некои од нив можат да бидат делумно успешни, но некои можат да бидат тотална утка. Од друга страна, пак, ако сите проекти на коишто работите се успешни, тогаш најверојатно немате доволно проекти. Што и да е, понекогаш е потребно да знаете кога е време да го откажете проектот на кој работите и да продолжите понатаму.

 

Некои од критериумите за откажување на проектите или работите што ги работите можат да се:

  • Целта – таа е невозможно да се исполни и продолжувањето на проектот само ќе ве доведува до дополнително исцрпување на ресурсите (човечки и материјални); 
  • Планирање – лошото планирање може да ве доведе до погрешни насоки во текот на работата;
  • Претпоставки – претпоставките на проектот се променија и можеби не е „вистинскиот” проект за работа. Не му е време…;
  • Проектот може да се заврши, но нема да создаде одржлива вредност за вас и за луѓето коишто се инволвирани;
  • Условите на пазарот се променија така што “ROI”(return of investmnet) или продажните очекувања нема да бидат исполнети или се очекува конкуренцијата да воведе понапреден производ;
  • Финалниот производ може да стане застарен порано отколку што се очекуваше, или компанијата можеби нема да може да обезбеди поддршка на клиентите за производот за да ги исполни очекувањата на клиентите;
  • Трошоците се зголемиле на проектот и распоредот значително се намалува;
  • Постојат технички проблеми надвор од способностите на персоналот на компанијата;
  • Проблемот е премногу комплексен за да може вие или самата компанијата да го управува;
  • Клучни ресурси го напуштиле проектот; 
  • Вие или компанијата се соочува со значителен проблем со кеш;
  • Има значителни промени во интересот и стратегијата на компанијата.

Вашата одговорност и одговорноста на луѓето над вас е голема и затоа треба да се осигурите дека сите потребни работи за добра имплементација на проектот се спроведуваат навремено. Но сепак, вие како носител на проектот или работата која ја извршувате, мора да бидете подготвени да донесете какви било лоши вести и уште потешко, да ги соопштите на тимот. 

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Колумни

Лидерството е избор, а изборот е твој!

Објавено

на

Имате лидерска позиција, но не чувствувате дека ја добивате потребната почит од вашиот тим? Дури помислувате дека не им се ни допаѓате. Многу луѓе можат да ја добијат менаџерската позиција, но никогаш да не го добијат потребното “одобрување” од нивниот тим. Тука се појавува вечната борба помеѓу менаџерите наспроти лидерите: тие умешно го менаџираат својот тим, НО не се лидери на истиот. Што е она кое ги раздвојува менаџерите од лидерите?

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронски шалтер?

Објавено

на

Сакале да признаеме или не тоа е иднината…кога ќе размислиш подобро тоа е веќе минато во некои иновативно напредни земји…но ние зборуваме за Македонија. Тука малку побавно се одвиваат работите и сеуште требаат многу аргументи кои се ЗА користење на електронско банкарство.

 

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

Ако немаш работа, твоја работа е да најдеш работа!

Објавено

на

Ако немаш работа, твоја работа е да најдеш работа. Кое е всушност значењето на оваа реченица? Многу едноставно, без никакви скриени пораки, тоа значи дека ако немате работа, а сакате, ваша работа е да ја најдете истата. 

Според тоа, 8 часа во денот, од 9 до 17 часот, со пауза за ручек и/или паузи за цигари вие сте должни да работите на наоѓањето на работа. 

Дисциплинирано, преговарачки, инспиративно и упорно, секој ден додека не најдете работа.

Тој процес сигурно ќе ги вклучува следните нешта:

1. Конкурирање на многу места со водење на евиденција каде, кога и за која позиција сте конкурирале за кога ќе ве побараат веднаш да знаете за што станува збор со цел да не оставите погрешен прв впечаток.

2. Креирање на CV според потребите на работното место. Некогаш ова знае да биде многу заморно и досадно, но не заборавајте дека некогаш тоа е и пресудниот, клучен факто во изборот некој да ве повика во првиот круг.

3. Учење и развивање. Ја избравте индустријата која ја сакате, следно, изберете ги правците во истата кои би ви користеле. Кандидатот кој знае 3 работи е подобар од кандидатот кој знае 2 работи. Често и само познавањето, без длабока пракса може да биде корисен фактор. 

4. Читањето на огласи за работа. Често работодавците ставаат високи критериуми за да ги одбијат луѓето кои не се доволно самоуверени и упорни во желбата да ја добијат работата. Затоа, доколку ви се допаѓа работата и мислите дека вашето искуство дури и во најмала рака може да одговара, пријавете се! (И следете го советот број 2).

5. Верувајте! – Точно, ова е Македонија, точно има врски и секакви работи, но не е така секаде и секогаш. Бидете храбри и самоуверени и добрата работа ќе ви се појави како награда. И не заборавајте, дури и во моментите кога нештата ви имаат најмалку смисла тогаш најмногу верувајте во себе. 

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange