Connect with us

Колумни

Tip of the week – Имам идеја

Објавено

на

Остварувањето на идеите, односно тестирање на некоја идеја, досега никогаш не било полесно. Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација каде што имале генијална идеја, но се плашеле да ја споделат заради стравот од тоа што ќе речат другите, дали ќе им се допадне, како ќе ја прифатат, како ќе ја финансирате итн. Колку од вас се откажале од тие идеи заради тоа што не сте знаеле како ќе бидат прифатени или,пак, ризикот ви изгледал преголем? 

 

Но, постои еден концепт што се нарекува “crowdfunding”, и помага во реализирање на тие идеи. “Crowdfunding” е термин кој произлегува од зборот ‘crowdsourcing’ кој значи користење на моќта на многуте (CROWD – мнозина, SOURCING – извор). Во дигиталната ера, каде што имаме непресушен извор на информации, ги имаме сите информации на дланка за помалку од една секунда, и можеме да стапиме во контакт со секого низ светот во 2 лесни чекора. Ерата на посредниците веќе станува минато. 

НО ШТО Е CROWDFUNDING И КАКО ФУНКЦИОНИРА?

“Crowdfunding” е алтернативен начин на финансирање, односно практика за финансирање на проекти каде што голем број луѓе потпомагаат со мали суми, најчесто преку Интернет, за поддршка на некој нов концепт или производ. До неодамна, доколку бевте во потрага по финансиска поддршка за започнување на бизнис или лансирање на нов производ, беше потребно да се обратите кај фондови, банки, бизнис ангели, фамилија и други алтернативни извори. Сите овие посредници бараат од вас да креирате детален бизнис план, финансиски проекции и уште еден тон декументи кои би ви одземале месеци за да ги подготвите. Свесно се обраќате кај многу лимитиран број извори, а и дали ќе успеете е голем прашалник. 

Денес, постојат повеќе од 2.000 дигитални платформи кои ви овозможуваат финансиско поддржување во фаза на почетни концепти/идеи. Најпознати платформи од овој тип се Kickstarter и Indiegogo, преку кои само во 2015 година се имаат финансирано проекти во вредност од над 3 милјарди УСД. 

ЗОШТО CROWDFUNDING? 

Постојат милион и една причина зошто да се вклучите во еден ваков предизвик. Ние ги одбравме главните 6.

  1. Брзо тестирање – веднаш ќе знаете дали има интерес за вашиот производ или не и ќе добиете фидбек, како да го подобрите од идни корисници.
  2. Продажба пред производство – не е потребно да инвестирате еден цел кредит за производство на производ кој можеби нема да успее. На овој начин го продавате производот уште пред да се произведе и знаете точно колкаво количество е потребно.
  3. Анализа на потенцијал и пазар – сите правиме некакво истражување пред да лансираме нов производ, но никогаш не можеме да знаеме со сигурност колкав е потенцијалот пред да излезе производот. На овој начин може да се анализира потенцијалот најдобро. 
  4. Корисници на глобално ниво – во дигиталната ера зборот ‘локално’ полека бледее. Преку овие платформи имате можност да го понудите производот на корисници од сите континенти.
  5. Нови можности – отворете ги вратите кон нови можности. Кога се отворате глобално, никогаш не знаете какви сè можности ќе се отворат по пат. 
  6. Без посредници – “crowdfunding“ платформите овозможуваат да го претставите вашиот концепт на една огромна публика, односно голем број на потенцијални корисници и целосно да ги скокнете посредниците. 

ДАЛИ МОЖАМ ЈАС ДА СЕ ВКЛУЧАМ ВО ЕДЕН ВАКОВ ПРОЕКТ?

ДА! Секој што има интересна идеја, голема амбиција и желба за работа, може сам да се вклучи во “crowdfunding“, да претстави еден свој производ, дури и концепт за него. И ве охрабруваме сите што имате каква било идеја за иновативен производ, да ја разгледате оваа можност.

Но бидете подготвени! Подготовките на една ваква кампања бараат целосно вложување во проектот барем неколку месеци. Пред да се впуштите, консултирајте се, читајте и информирајте се што повеќе, со цел вашиот продукт да биде што поуспешен. 

Со успех во промените,

Драгана Нешовска  

Ко-основач и менаџер за отворени иновации

СОЛВЕО

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

It’s a Digital, Digital world!

Објавено

на

Да, ова е дигитален свет и иако не се родивме во таков, дефинитивно ни годи!

Добар дел од компаниите и брендовите во денешницата се создадени на овој фронтиер и се пред своето време, друг дел одлично се адаптирани, но постојат и оние кои не се снаоѓаат најдобро во истиот. Затоа одвојте дел од вашето скапоцено време, за да позборуваме за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Ќе почнам со најинтересното и воедно најкрупното нешто кое ни се случува – социјалните медиуми. Колку и што од можеме да добиеме од нив?

Имено, на почетоците од мојата кариера со малку искуство, малку познавање на графички дизајн, малку контакти, но многу желба и идеи, социјалните мрежи беа „тука за мене“. Ми понудија начин да експериментирам во комуникацијата со различните целни групи. Открив многу интересни модели на однесување на публиката. Сето ова ме чинеше само: интернет, струја и некоја кутија цигари… Тогаш, да бидам искрен не замислував дека од оваа социјална мрежа ќе се роди цела индустрија и ќе биде еден од водечките канали застапен во буџетите. За мене на маркетинг тронот се уште беа традиционалните медиуми и пристапи. Но, еве после 10 години сум горд застапник на социјалните мрежи и дигиталните комуникации и тврдам дека нивното време допрва доаѓа.

Последните 6 години сум во автомобилската индустрија во која маркетинг буџетите драстично се намалија во изминатите 8 години. Слабата продажба и увозот на користени автомобили, значително ја отежнаа работата на луѓето и агенциите задолжени за маркетинг. Социјалните мрежи во овие „кризни времиња“ се покажаа како секирче на мраз за да се продолжи качувањето нагоре.

Секој корисник на различна социјална мрежа има различна природа или е од различен вид. Така на пример, ако го земеме просечниот корисник на најпопуларната мрежа Facebook, тој се карактеризира со потреба да му се обратите лично. Затоа ги имаме оние коментари како „cena?”„ima 38?“… Ова од вас бара поголема посветеност и ресурси, но од друга страна овозможува директно да допрете до корисникот од овој вид. Со последните новини кои овозможуваат на секој коментар да одговорите во приватна порака, апсолутно се подобрува директното обраќање и ви се овозможува на корисникот да му дадете “tailor made” понуда. Социјалните мрежи, како и корисниците се жива материја. Тие се менуваат регуларно. Она што допрва доаѓа и ќе се покаже „поживо“ од било што друго е Вештачката интелигенција. Иронично нели?

Останатите новини коа беа воведени конкретно на Facebook во последните години како Instant Articles го задржуваат корисникот на мрежата дури и кога тој мисли дека веќе излегол. Апсолутно сите истражувања покажуваат дека користењето на социјалните мрежи расте и дека порталите т.е. веб страните се борат за 30 до 60 секунди внимание кое корисникот би го потрошил на нивниот сајт и веднаш би се вратил да “скрола“ на мрежата. Ова е уште еден факт за исплатливоста на инвестицијата во платен маркетинг на социјалните мрежи.

Но, внимавајте, во буџетот секогаш да предвидите микс од Онлајн, Дигитални и Социјални медиуми. Бидејќи со дедицирање на целиот закуп само на социјални медиуми ризикувате да не добиете доволна ПР поддршка кај веб страните кои се од интерес за вашата целна група.

Друго на што морате да обратите внимание се „синовите и ќерките“ на Социјалните мрежи, т.е. таканаречените Инфлуенсери. Оваа категорија оди чекор понатаму во онаа директна комуникација и потреба за идентификација на корисниците. Да, луѓето се идолизирани и чувствуваат дека тоа можат да бидат и тие и дека тоа е нивен “cool” пријател.

Инфлуенсерите добиваат многу поголем reach во последно време особено во Македонија поради неколку факти:
Прво, по целиот скандал од бастионот на “fake news“ во светот, Титов Велес по старо, Трампов Велес по ново, Facebook значително го ограничи и го скрати reach-от на сите Facebook страни кои доаѓаат, се водат, или на било кој начин се поврзани со Македонија;
Второ, множењето на медиуми во просторот и социјалните мрежи кои ни ги донесе политичката нестабилност и политичката пропаганда, се оформија и зрачат многу медиуми кои не постојат за целта на реално, критичко известување, туку за други помалку или повеќе познати цели.

Трката за број еден социјална мрежа почнува да биде густа меѓу Facebook и „посинокот“ Instagram. Иако по број на корисници можеби доминира Facebook, во поглед на опфатот и ефектот на пораките Instagram со воведувањето на опцијата Stories, како да доби силен ветер во грбот и брзо гази напред.

Во некоја друга прилика, ќе ги споменеме и останатите социјални мрежи, некои успешни стратегии, како и моќните SEM, Programmatic и слично.
Морам да одам, имам некои постови и кампања за одобрување…

Извор: marketing365.mk

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange