Connect with us

Business Woman

Ангелина Блажеска: Fit Kit апликацијата нуди бројни можности за вежбање!

Објавено

на

Ангелина Блажеска е креаторот на FitKit – првата македонска мобилна апликација која овозможува вежбање во најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје. 

Мобилната апликација FitKit е достапна на App Store и Google Play. Преку оваа апликација корисникот може online да купи тренинзи и да вежба на повеќе од 30 различни фитнес центри во Скопје. Дополнителна предност за корисниците е тоа што корисникот има можност да комбинира различни фитнес активности (фитнес, функционални тренинзи, јога, боречки вештини, кардио, аеробик, пилатес, пливање, итн).

Корисникот во самата апликација (timeline) има можност да провери кои се тренинзи во неговата околина и си закажува тренинг со еден клик онаму каде му одговара во текот на денот. Апликацијата генерира код со секој закажан тренинг кој треба да се покаже при искористување. Корисникот не е врзан да вежба на едно место и во еден термин, што е големо олеснување за луѓе кои работат, а воедно и побива многу изговори за вежбање 🙂

Банкарство: Каков е feedback-от од корисиците на апликацијата и компаниите кои ги нудат своите места за тренинг на Fit Kit?

Ангелина: Освен што на корисникот му нуди флексибилност, FitKit им нуди поволности и на фитнес центрите и студијата.  FitKit e истовремено и генератор на најдобрите места и тренинзи во Скопје, па така секој од центрите се наоѓа во добро друштво и добива маркетинг. Како што сите си имаме омилен филм и книга, така имаме и омилена физичка активност, па FitКit е една алатка која може да помогне при пронаоѓање на она што ни одговара. Многу често не се знае и што се’ има да се вежба низ Скопје, сопствениците на студијата треба да бидат истовремено и тренери и менаџери и сметководители, па најчесто не посветуваат внимание на маркетинг, а ние сме тука да ги обединиме сите на исто место и да помогнеме да се искористи максимално капацитетот на една фитнес локација. Исто така се скратува и оној период на ”талкање” по други места, ако некој вежбач сака да види што друго се нуди, вежба и пробува активности преку FitKit, а потоа си продолжува онаму каде најмногу му одговара. Постои win-win за трите страни.

Банкарство: Кога ја лансиравте апликацијата и како сте задоволни од досегашниот развој на истата?

Ангелина: FitKit лансираше во Јуни, кога завршува вежбачката сезона и освен првиот ден во кој имаше над 500 регистрирани корисници, тие три месеци беа еден тест период, во кој имаше само убави коментари и по некој амбициозен вежбач. Со почетокот на новата вежбачка сезона од септември, интересот е се’ поголем и нашата корисничка база експоненцијално расте. Заклучно со 2017 можам да кажам дека FitKit ги надмина моите очекувања и веќе ги имам поставено целите за во иднина. Многу брзо ќе се случи и ширење низ цела Македонија, а верувам дека нема да застанеме тука. Статистиките за ова кратко време се “луди”: 2017 година ја завршивме со над 2500 регистрирани корисници, месечно се реализирани по 300+ тренинзи преку нас, повеќе од 30 различни локации на кои може да се вежба и 90 часови/активности.

Јануари го завршуваме со реализирани 450+ тренинзи преку FitKit, а е еден од најслабите месеци во вежбачката сезона.

Тука е и соработката B2B со доста компании кои се грижат за своите вработени и им покриваат вежбање преку FitKit.

2018 година ќе биде уште повозбудлива за FitKit корисниците. Тие наскоро ќе можат да користат Спа услуги и да повикаат личен тренер да ја води нивната фитнес сесија.

За Ангелина:

24 Години, Дипломиран Машински инженер, Основач на FitKit и на 5abS.

*5abS e консултантска фирма преку која Ангелина работи на проекти од индустријата за оптимизација и постојано подобрување на работата со имплементација на Јапонски алатки и методологии. До сега има остварено соработки со големи компании  (АД Гранит, Технокооп, Еуротехника…) и во 2018 се планираат два нови проекти како и обуки и сертифицирање во Виена и Јапонија. Во Македонија допрва ќе се цени консултантска работа од овој проектен тип – не класично консултирање со експерт, туку проекти во кој компаниите добиваат целосна анализа на моменталната состојба, план и предлози за подобрувања со минимални инвестиции, комплетна имплементација на подобрувањата, споредба на пред и потоа состојбата врз основа на мерења и предлог планови за континуирано подобрување во иднината. Секако, овој систем на работа подразбира прилагоден проект според барањата на секој единствен клиент. 5abS како компанија е уште на почетокот и во бизнис околина во која можеби потенцијалните клиенти не се свесни за потребата од неа. Во иднина многу ќе се слуша и за 5abS, но можеби не во истите кругови како за FitKit.

Повеќе

Business Woman

Илина Вељановска: Sozdadi.com претставува платформа за водење сопствен бизнис!

Објавено

на

Sozdadi.com е прва платформа за поддршка на претприемништвото која работи низ целиот регион. Преку продажба и промоција на ракотворби и домашни производи, ваквата платформа има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал и воеднo претставува инспирација за започнување на свој сопствен бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Стефаниа Златку: Your Secret CRUSH е македонски бренд за козметика кој ги освојува срцата на девојките

Објавено

на

Стефаниа Златку е младата и амбициозна дама која стои зад Your Secret CRUSH – македонскиот бренд за природна козметика на база на кафе и природни масла кој буквално ги освојува срцата на девојките. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange