Connect with us

Електронско банкарство

“Skimmer Scanner” – апликација која ги лови крадците на информации од платежни картички

Објавено

на

Еден од начините кои се користат за крадење на доверливите информации од вашите платежни картички е со поставување на уреди за скиминг на картиците.

Скимерите се мали и едноставни уреди кои многу тешко се забележуваат, а за многу краток момент може да ги копираат сите информации од вашата картица кои подоцна можат да бидат продадени како такви или пак да бидат копирани на празна картица со цел да се направи дупликат на веќе постоечката.

Со цел во одредена мера да се спречат ваквите “натрапници” кои би ги злоупотребиле вашите податоци создадена е Андроид апликација “Skimmer Scanner” која што можете да ја симнете слободно на вашиот мобилен телефон. Оваа апликација помага во откривањето на скимерите кои се базирани на работа преку Bluetooth. Врз база на истражувања докажано е дека постојат повеќе верзии на вакви Bluetooth шеми за измама од кои најупотребувани се HC 05 & HC 06. Скимер скенерот преку Bluetooth радиото на вашиот телефон ги детектира компонентите што се емитуваат под име HC 05 со стандардна лозика 1234. 

После детектирањето самата апликација прави проверка дали навистина станува збор за скимер и доколку се потврди тоа автоматски ве известува. Исто така има и дополнителна опција доколку навистина се работи за поставен скимер, преку социјалните мрежи директно да ја споделите веста за да се прошири и да се известат и други луѓе за опасноста. Ова е навистина корисно истражување кое придонело да се имплементира алатка која нема да им дозволи на крадците на информации да поминат лесно и ќе бидат навреме откриени. 

Повеќе

Електронско банкарство

Кина вели дека отфрлањето на физички пари е нелегално поради популарноста на е-плаќањата

Објавено

на

Кинеската централна банка во понеделникот предупреди дека отфрлањето на готовина како форма на плаќање е нелегално, велејќи дека ваквите практики на крајот би можеле да предизвикаат губење на довербата во физички пари и неправедно кон оние кои не се навикнати на електронско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Бонус програмата на Халкбанк со поддршка за развојот на е-трговијата во Македонија!

Објавено

на

Бонус програмата на Халкбанк овозможува корисниците на кредитни картички од брендот Mastercard и Visa, издадени на физички лица да собираат бонус поени при трансакции на веб продавници кои користат виртуелен терминал од банката.

Притоа, поените кои ќе ги соберете имате можност да ги користите при плаќања во мрежата на POS терминали од Халкбанк.

Пресметката на бонус поените е едноставна, бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа со активни веб продавници (.pdf документ)

Собирајте 5% бонус поени со секоја трансакција направена со кредитна картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје.

Кампањата стартува на 03.12.2018 (понеделник) во 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018 година.

Искористените поени се ставаат на располагање на кредитната картичка на клиентот во Халкбанк за сите трансакции направени на POS терминалите и e-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange