Connect with us

Странски банки

NLB групацијата со профит од 184 милиони евра

Објавено

на

NLB групацијата во првите девет месеци од оваа година остварила профит од 184 милиони евра, што е 101% повеќе во однос на истиот период минатата година, или, 92,5 милиони евра повеќе од првите 9 месеци во 2016 година.

,,Овогодинешните исклучително добри резултати во овој момент допринесуваат за профит речиси дупло поголем од минатата година, а најважни се пазарните групи надвор од Словенија’‘ – вели Примож Карпе претседател на Надзорниот одбор на NLB.

Тој додава дека друг тренд кој е забележан е дека работењето со физички лица на пазарите на југоисточна Европа се повеќе допринесува во конечниот резултат.

Профитот кој NLB групацијата го генерираше во првите девет месеци најавува рекордни резултати за крајот на оваа година. Во истиот период, во првите девет месеци од 2017 година, NLB Банката во Белград забележала профит од 4,1 милион евра и значаен раст во кредитирањето на граѓаните. 

,,Продолжуваме со трендот на раст во сите сегменти кој трае веќе две години. Особено сме задоволни и горди на сето она кое го постигнавме бидејќи напорната работа на која се посветивме во однос на унапредување на производот и услугите, прилагодувањето на клиентите и трендот на дигитализацијата во финансискиот сектор придонесе за резултатите кои се прикажани.” – додаде Карпе.

 

 

 

 

 

Повеќе

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange