Connect with us

Платежни картички

MasterCard кредитна картичка со 0% замрзната каматна стапка до крајот на април

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје започна со промоција за новоиздадени MasterCard кредитни картички и за сите кои ќе ја искористат промотивната понуда обезбеди замрзната каматна стапка од 0% за сите трансакции направени во трговија, шалтер или на банкомат до крајот на април.

Предностите на MasterCard кредитната картичка, што ја прават привлечно решение за секојдневни трансакции и поголеми плански трошења се следните:

• Moжност за купување на рати БЕЗ КАМАТА (од 2 до 36 рати) ширум големата мрежа на трговци партнери на Банката

• Го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) за интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот

• Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг

• Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

• Без провизија при плаќање во трговската мрежа

• Бројни промоции за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

По истекот на промотивната понуда која трае за апликации примени до 31.03.2018 во примена ќе биде редовната годишна каматна стапка која во моментов изнесува: 10.13% – за Плата+ корисници кои примаат плата преку СБ, редовни во отплата или 11.25% – за клиенти кои не ја примаат платата преку СБ.

Апликации за нова MasterCard кредитна картичка може да се поднесат најдоцна до 31.03.2018 во секоја од филијалите на Банката како и online и преку Ало кредит на 15110 во секое време од денот.

Платежни картички

Опуштено купување со кредитните картички на Стопанска банка Скопје – 0% минимален износ во февруари

Објавено

на

Наградувајќи ја довербата на клиентите, Стопанска банка АД Скопје во Февруари 2018 овозможува цел месец опуштени купувања со намалени месечни трошоци за отплата. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Dynamics Wallet Card – нова мултифункционална картичка од Visa

Објавено

на

Visa и Dynamics повторно со својата иновативност докажаа дека се чекор пред другите и понудија уникатно решение за сите корисници. Тие претставија нова мултифункционална картичка Dynamics Wallet Card што чува податоци од различни дебитни, кредитни и картички за лојалност.

Dynamics Wallet Card ima иста форма и големина како и вообичаените Visa картички. Разликата е во тоа што таа е надградена со чип од мобилен телефон кој е вграден во картичката и антена кои овозможуваат низа нови подобрени функции.

Исто така, има и дисплеј од 65.000 мегапиксели што овозможува пренесување на информации од и до картичката на било кое место и во било кој период од денот. Доколку досега корисниците известувањата за извршените трансакции или моменталните состојби на сметката ги добивале на својот мобилен телефон , со овој новитет истите информации и известувања тие ќе ги добиваат директно на своите картички.

Дисплејот покажува која картичка се користи во моментот, а доколку некоја информација биде компромитирана, банката веднаш ги брише и креира нова сметка. Ако се забележи сомнителна зделка корисникот одбира опција Not Me да пријави злоупотреба и бара нов број на картичка на лице место.

Според Visa, дигиталната картичка самостојно наплаќа и банките можат да ги издаваат во малопродажните филијали. Клиентите потоа ги активираат и веднаш ги “полнат“ со податоците од останатите картички.

Продолжи со читање

Платежни картички

Од Божиќ до Божиќ пазарување на рати со Diners со 0% камата во сите продажни места!

Објавено

на

Diners Club Македонија продолжува да ги изненадува и наградува своите членови и овие празници со неверојатна можност за безгрижен шопинг.

Во период од 2 недели (25.12.2017 до 07.01.2018) сите корисници на Diners Club картичките можат да купуваат на РАТИ БЕЗ КАМАТА ВО СИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА.

Нека купувањето ви биде уживање, а празниците уште поубави со Вашата Diners Club картичка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange