Connect with us

Платежни картички

Mastercard и McCann со интересна кампања по повод Меѓународниот ден на жената

Објавено

на

Меѓународниот ден на жената, кој традиционално се одбележува на 8 март, е ден кога се слават личните, професионалните, политичките и социјалните права и достигнувања на жените.

Во исто време, ова е ден кој ја слави родовата еднаквост и зајакнување на жените, а Mastercard со поддршка на агенцијата McCann Белград, реализираше акција која сите ги охрабри да покажат разбирање, поддршка и љубов.

Бидејќи за осми март вообичаено се подарува цвеќе, на улицата Кнез Михајлова во Белград, минувачите беа дочекани од голем цветен ѕид, кој во себе содржел дури 2.500 рози кои минувачите можеа да ги земат со себе и да ги израдуваат своите мајки, сопруги, сестри, колеги и пријателки. Секоја роза на себе содржела  брендирана Mastercard порака “За мене си непроценлива”, со цел дополнително да ги инспирира жените да бидат храбри и да ги следат своите соништа.

Mastercard цветниот ѕид е дел од познатата светска платформа Start Something Priceless (Започни нешто бесценето), која се роди од идејата дека искуствата се повредни од предметите, но и од потребата дека треба се повеќе да се обрне внимание на убавите работи што се случуваат околу нас, како и да самите да ги започнеме. Во рамките на оваа платформа, MasterCard ги поврзува луѓето со единствена можност, што покажува дека искуството е често поважно од материјалните работи и ги охрабрува уште денес да започнат нешто непроценливо.

Извор: Маркетинг365

Платежни картички

Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка

Објавено

на

Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, доколку платите со Mastercard или со Maestro картичка на Комерцијална банка АД Скопје, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна кампања за НЛБ Visa кредитни картички за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 07.06.2018 до 15.07.2018 година води промотивна кампања за НЛБ Visa кредитните картички за физички лица (Visa Classic и Visa Gold). (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Патувајте и планирајте ги Вашите следни патувања со Mastercard® Wizz Air кредитната картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Во периодот кога се интензивираат патувањата до блиски и далечни дестинации, кога започнуваат уписите на универзитетите ширум светот и се остваруваат соништата на возрасните и помладите генерации за авантури и егзотични доживувања, Комерцијална банка АД Скопје ја лансираше новата Mastercard® Wizz Air, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange