Connect with us

Странски банки

“Intesa Sanpaolo” ја купува швајцарската “Banque Morval”

Објавено

на

“Intesa Sanpaolo” и акционерите на групацијата “Morval Vonwiller SA” склучија договор за купопродажба на групацијата, вклучувајќи ја и приватната банката “Banque Morval SA”.

Договорот е во согласност со стратешкиот план на “Intesa Sanpaolo” за зајакнување на своето присуство на меѓународните пазари во областа на приватното банкарство. Присуството во Женева ќе му овозможи на секторот за приватно банкарство на “Intesa Sanpaolo”, која во моментов работи во Лугано, Лондон и во Луксембург, да се прошири и на тој пазар.

 

По завршувањето на трансакцијата, групацијата ќе има корист од големината, обемот и финансиската моќ на “Intesa Sanpaolo”. Оваа иницијатива ќе обезбеди значајни придобивки за клиентите и вработените во групацијата, нудејќи им бенефиции, кои ќе ги донесе позицијата на банката “Banque Morval” како меѓународен снабдувач на услуги за приватно банкарство и статусот на “Intesa Sanpaolo”, како еден од водечките европски финансиски институции.

 

Вредноста на трансакцијата не е наведена. Но, според проценките на аналитичарите таа би чинела од 150 до 200 милиони евра.

 

Странски банки

Салвини: Златото од Банката на Италија му припаѓа на народот

Објавено

на

Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сосиете Женерал ја објави продажбата на својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка

Објавено

на

Сосиете Женерал склучи договор да го продаде својот мнозински удел во Молдавија на ОТП Банка. Завршувањето на трансакцијата се очекува да се случи во наредните месеци, по прием на потврди од релевантните локални банкарски, монополски и пазарни органи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Програмер вработен во банка пронашол “баг” на банкомат и си повлекол 1 милион долари

Објавено

на

Звучи како наслов од филм, но станува збор за реалност. Незадоволен програмер во банка успеал да пронајде шема за банкоматот да издава “бесплатни” пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange