wrapper

По повод одбележувањето на 20 години Ден на даночниците во Република Македонија и јубилејлното одбележување на 70 години постоење на даночен систем Управата за јавни приходи издаде публикација.

Во публикацијата историски е раскажан развојот на на даночниот систем како и почетоците на прославувањето на денот на даночниците. 

Како најзначајни вредности на оваа институција се истакнати професионалноста, услужливоста, грижата за човечкиот капитал, управувањето и раководењето врз основа на внатрешните и надворешните потреби на корисниците како и борбата против корупцијата и неплаќачите на данок. Стратешките цели на Управата за јавни приходи се одраз на процесот на модернизација и заложбите за подобрување на услугите кон даночните обврзници, зајакнување на административните капацитети на даночната администрација и приближување кон практиките и стандардите на Европската Унија.

Во публикацијата се прикажани визијата и мисијата на Управата преку кои истата се стреми да стане модел за професионална организација препознатлива според најдобрите практики и стандардите за квалитет.

Исто така, во публикацијата се прикажани и сите новитети на институцијата помеѓу кои се и неодамна промовираниот нов контакт центар и дополнителните услуги кои го олеснуваат процесот на комуницирање со клиентите.

Оваа публикација потврдува дека Управата за јавни приходи продолжува со остварување на зацртаните цели и проекти, и на идни предизвици за реализација на силна законска, организациска и управувачка рамка која треба да обезбеди капацитет за ефикасно спроведување на законодавството и борба против одбегнување на плаќање на даноците.

Last modified on Thursday, 30 November 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.