wrapper

Управата за јавни приходи го претстави новиот Контакт центар. Со цел да ја подобри својата услуга за даночните обврзници УЈП ги претстави и двете нови услуги ,,Закажи средба'' и ,,Информа''. Обезбеден е и пристан до новата специјализирана веб страница kontaktcentarujp.gov.mk.

Секоја заинтересирана странка има можност да закаже средба со даночен агент во време кое нему му одговара, и тоа он-лајн преку новата веб страница на Контакт центарот или телефонски преку Инфо центарот 0800 33 000. Користењето на новата услуга „ЗАКАЖИ СРЕДБА“ ќе биде во прво време на доброволна основа, а од 1 Мај 2018 година задолжителна доколку странката има потреба да оствари средба со даночните служби во Регионална дирекција Скопје. Од 2019 година, услугата ќе биде достапна и за закажување на средба и во другите даночни канцеларии на УЈП.

„ИНФОРМА“ е исто така нова услуга, односно електронски систем преку кој им овозможуваме на даночните обврзници да вршат он-лајн пребарување и да имаат брз и лесен пристап до општи даночни информации, до најчесто поставуваните прашања и одговори поврзани со постапките на оданочување, пријавување и плаќање на данок и нивните даночни права и обврски. 

,,Новиот Контакт центар на УЈП ги исполнува сите стандарди за обезбедување на брза, лесна и квалитетна даночна услуга. Подобрувањето на условите и пристапот до нашите услуги, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето опшество, развојот на кориснички ориентирани сервиси за фирмите и граѓаните, овозможување на електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночните информации, намалувањето на административните трошоци и поедноставувањето на постапките се целите кои ги постигнавме заедно со нашите партнери и со ЕУ поддршката од 1,5 милиони евра преку ИПА фондовите, преку која имплементиравме седум проекти.  

Контакт центарот на УЈП располага со модерна и пријателска околина за корисниците на нашите услуги и секако за вработените. Вградивме добри даночни практики преку соработката со нашиот Твининг партнер – Шпанската даночна администрација, а обезбедивме и полесен пристап до даночните услуги во најмалите места со дополнителните два Мобилни даночни шалтери.'' - се вели во соопштението.

Last modified on Wednesday, 29 November 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.