wrapper

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 104.7. 

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.1%), Преработувачка индустрија (9.8%) и Рударство и вадење на камен (9.2%). 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.1%), Други услужни дејности (4.8) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%). 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2017 година, изнесува 23 229 денари. 

Во септември 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.