wrapper

Одлуката за напуштање на Европската Унија создаде простор за загриженост кај многу граѓани, но најмногу кај оние кои што се директно инволвирани во работењето на финансискиот сектор. 

Секторот за финансии и услуги завзема околу 12% од економското производство на Велика Британија и подлежи на повеќе даноци во однос на било која друга индустрија. Моментално подлежи на огромен ризик да биде загрозен во целост како последица на одлуката за напуштање на Европската Унија од страна на Велика Британија. 

Лондон е познат со векови како градот кој важел за еден од најдобрите и најважните финансиски центри. Во текот на годините финансиските институции се прошириле на територијата на целиот град. Лондон доминира во глобални рамки и се одликува со меѓународни операции за управување со обврзници и фондови и банки повеќе од било кој друг центар.

Мислењата во однос на неговата ,,судбина,, по излезот на Велика Британија од Европската Унија се поделени. Некои политичари и економисти предвидуваат дека Лондон ќе ја изгуби предноста и привилегиите кои моментално ги поседува како финансиски центар, а другите кои се поддржувачи на донесената одлука сметаат дека напуштањето на ЕУ ќе и донесе корист на Велика Британија на долг рок бидејќи ќе може да поставува свои правила.

Повеќе од сигурно е дека уште од сега Brexit полека, но сигурно влијае на градот и му го одзема финансискиот дух. Банкарите заминуваат и бараат места во некој друг европски град кој можеби е следниот нов финансиски центар на Европа, а фактот дека Лондон е особено ранлив на Brexit останува, бидејќи, една третина од трансакциите што се одвиваат за размена во неговите трговски простори вклучуваат клиенти на ЕУ.

Останува прашањето, дали одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија во 2019 година ќе значи крај за една од  најуспешните индустрии?

 

 

Last modified on Monday, 20 November 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.