wrapper

Стопанската комора на Македонија денеска одбележува значаен јубилеј - 95-годишнина од коморското организирање и работење во Република Македонија. 

По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настани на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Комората организира тркалезна маса на тема: "Позицијата на малите земји во меѓународната економија - предности и недостатоци".

 

Група бизнисмени од регионов (Македонија, Србија, Хрватска. Црна Гора, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина) оценија дека е неопходно да се зголеми директната соработка и поврзување меѓу претприемачите од малите земји, при што заеднички ќе се работи и на унапредување на взаемната економска соработка.

 

Така ги поставија и основните тези кои ќе бидат разгледани денеска на тркалезната маса:

• условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји;

• на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности;

• големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба;

• малите земји имаат многу послаби дипломатски мрежи;

• на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување.

 

На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на мали држави од регионот, како и звучни имиња од бизнисот, кои потекнуваат или работат во мали земји.

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.