wrapper

Светска банка го објави новиот извештај за перспективите на глобалната економија. Според него годинава се очекува македонската економија да има раст од 3,3%, додека, пак, во 2018 ќе забележи раст од 3,7%, а во 2019 година 4%.

Во продолжение следат предвидувањата на Светска банка за состојбата на глобалната економија:

 

Во регионот на Европа и централна Азија, економијата оваа година се очекува да порасне за 2,4%, што значи дупло поголем раст во однос на проценетите 1,2% во 2016 година. Во 2018 година би требало да порасне за 2,8%, во согласност со проценките од јунскиот извештај, а во 2019 година се очекува раст од 2,9%, проценува Светска банка.

 

Прогнозите за светската економија се дека во 2017 година ќе збележи благ пораст од 2,7%, во споредба со 2,3% од минатата година, додека во 2018 ќе достигне до 2,9% и со исто темпо би требало да се развива и во 2019 година.

 

Во еврозоната, пак, оваа година се очекува раст од 1,5%, а во следната година раст од 1,4% како и во 2019 година.

 

Минатата година светската економија растеше со најслабо темпо, поради посткризниот период, закочена од стагнацијата на трговската размена, од пригушените вложувања и поизразената неизвесност во сферата на економската и монетарната политика.

 

Во 2017 година се очекува умерено опоравување, констатираат од Светската банка, укажувајќи при тоа на намалени препреки за економски актвиности во земјите извозници на стока и на солидна домашна побарувачка на земјите увозници.

 

Last modified on Wednesday, 11 January 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.