wrapper

Компанијата MasterCard ја претстави платежната картичка која содржи сензор за отпечаток од прст.

Технологијата функционира на ист начин како и системот за плаќање со мобилен телефон, а тоа значи дека корисниците мораат да го постават прстот на сензорот кога ќе сакаат да платат, пренесува BBC.

 

Експертите за безбедност велат дека иако користењето на отпечаток од прст не е целосно сигурно, но сепак тоа е разумно користење на биометриската технологија.

 

Директорката на секторот за безбедност на MasterCard, Ајаи Бхала, изјави дека технологијата за отпечатоци може да обезбеди дополнителна удобност и безбедност кај корисниците, бидејќи тоа не е нешто што може да се ископира или украде.

 

Картичките се смета дека ќе бидат први кои ќе вклучат и дигитална дефиниција од отпечатокот на корисникот и сензор неопходен да ги чита тие отпечатоци во моментот на продажбата.

 

Претходните биометриски платежни картички функционираа само кога се користеа во комбинација со посебен скенер за отпечатоци. Тоа ја ограничуваше нивната употреба и само продавници со потребната опрема можеа да ги прифатат.

 

Имајќи ги двете сега на истата картичка значи дека тие треба да бидат прифатени насекаде каде што може се користат нормално ПИН платежните картички.

 

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.