wrapper

ПроКредит Банка воведува нова, уникатна и промотивна понуда за станбени кредити со фиксна каматна стапка до 10 години! 

Промотивната кампања им овозможува на граѓаните станбен кредит со 0% провизија при исплата и фиксна каматната стапка за првите 10 години од 4%. Станбените кредити се со максимум рочност до 20 години, а по 10тата година каматна стапка е варијабилна не пониска од 5,5% (5,2% + 6месечен ЕУРИБОР). 

Станбените кредити може да се одобрат за купување на нови станови/ градење куќи или рефинансирање на веќе постоечки кредити во други банки. Овие услови важат за сите заинтересирани лица со минимум месечни примања од 30.000 ден.

Повеќе информации можете да погледнете на ЛИНК. 

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.