wrapper

Разговараме со Маја Здравковска, родена на 05.08.1986 во Тетово. Своето основно, средно економско и Високо образование на Економскиот факултет го завршува во Тетово со што станува Дипломиран економист. Во 2012 година успешно го завршува вториот циклус на студии на Економскиот институт во Скопје со што се стекнува со називот – Магистер по економски науки, насока: Менаџмент на мали бизниси.

 

Почетоците во банкарскиот сектор ги прави во 2008 година во една од Македонските банки како референт во делот на одделението за човечки ресурси. Од Јуни 2009 година го остварува првиот контакт со банкарските операции во Зираат Банка АД Скопје започнувајќи како референт за благајничко работење и платен промет, за подоцна да го надогради знаењето во делот на картично работење и работа со кредити. Од Октомври 2012 година, со припојувањето на Зираат Банка АД Скопје кон Халк Банка АД Скопје, своето работење го продолжува во Централната филијала на Халк Банка како кредитен референт, за од Март 2015 година до денес да ја врши функцијата на Директор на Филијалата Плоштад.


Интересот за работа со клиенти го надополнува со курсеви за комуникациски и презентациски вештини каде учи различни алатки за соодветна примена во вршење на секојдневите работни обврски. Со самото работно искуство во Филијалата Плоштад како модерна и иновативна филијала врши реализација на дел од својата амбиција за учење на нови нешта и постојано следење на иновативните трендови за поефикасно банкарство.

 

Банкарство: Концептот на Филијала Плоштад е замислен да претставува една модерна банкарска локација во која можат да се сретнат сите иновативни технологии во банкарството. Кои иновативни технологии и банкарски услуги му се достапни на клиентот овде, што неможе да ги реализира во останатите филијали на ХалкБанка или останатите банки, и дали клиентите можат да вршат стандардни банкарски операции (плаќање со готовина на шалтер, плаќање со хартиени налози, итн...) ?


Маја ЗдравковскаСекој клиент кој успеал да не посети во изминатата година и пол од самото отварање на Филијалата Плоштад можел да забележи дека самата поставеност и организација на филијалата е во доста поинаков односно помодерен концепт од останатите филијали. Преку ваквиот концепт на Филијала покрај достапноста на редовните банкарски операции, Халк Банка АД Скопје успешно изврши промоција на неколку иновации кои успешно ги воведе во изминтатиот период и тоа: Cash in Банкоматите, новата платформа на Електронско банкарство за физички и правни лица, Апликацијата на мобилно банкарство, Услугата СМС известување како и останатите актуелни промотивни кампањи.

 

Банкарство: Филијала Плоштад на Халк Банка АД Скопје важи за една од најиновативните филијали на банките во Македонија. Колку често се случува да Ве посети клиент кој е заинтересиран за услуга која сеуште не е воведена во Вашето портфолио и која е Вашата реакција на барањето од страна на клиентот ?


Маја ЗдравковскаМе радува моментот дека од ден на ден се зголемува заинтересираноста од страна на клиентите за новите помодерни, поефикасни и поедноставени начини за вршење на банкарските операции. Секој предлог од клиентите е добредојден и детално се разгледува, а согласно законската регулатива и процесите на Банката се донесува одлука за негово имплементирање.


Банкарство: Платежните картички, електронското и мобилното банкарство, СМС известувањата како и напредните банкомати се услуги кои на некој начин го оддалечуваат клиентот од филијалата, но сепак нудат бројни предности од аспект на заштеда на време и трошоци. Кои се предностите од ваквиот начин на работа за клиентите, а кои за Вас како банка ?


Маја ЗдравковскаКако банка сите иновации кои ги воведовме во изминатиов период се со единствена цел: да го поедностават целиот процес и да придонесат поголемо задоволство кај клиентот преку заштеда на двата клучни сегменти - време и пари. Од друга страна пак со самата можност за вршење на редовни банкарски операции со помош на референтите во Филијалата Плоштад, на клиентот му е овозможена комплетна поддршка во решавање на целокупното барање. Со воведување на новитети во работењето самата Банка почувствува позитивен фидбек, поголемо задоволство кај клиентите, како и насочување на времето на вработените во Банката кон едукација и промоција на новите и иновативни решенија.

 

 

Банкарство: Портфолиото на банкарски производи е огромно (кредитни услуги, некредитни производи, иновации, осигурителни услуги, итн..) Што се треба да знае модерниот банкарски референт во Македонија, за да кажеме дека станува збор за успешен банкар ? Дали вработен во Банка смее да си дозволи да нуди производ или услуга за која не е во состојба да даде соодветен совет или да реши одреден проблем? Како вработените во Халк Банка се справуваат со ваквите секојдневни ситуации, односно кои механизми на обука и информирање се достапни ?


Маја ЗдравковскаОд досегашното банкарско искуство и работа со луѓе можам да кажам дека добрата услуга и грижата за клиентите се најзначајните елементи за задоволени клиенти. Само со интерпретација на точни и прецизни информации еден банкарски референт може да се нарече успешен банкар. Соодветната обука и постојаната надградба на знаењата на вработените во Халк Банк е единствен начин за справување со различните ситуации и решавање на проблемите со кои секојдневно се среќаваат клиентите при вршење на банкарските трансакции.


Банкарство: Со оглед на иновативните и напредни технологии кои се достапни во Вашата филијала, дали претежно преовладуваат помлади клиенти со одредени познавања на актуелните технологии или станува збор за концепт на работа кој е подеднакво прифатен од страна на клиентите без оглед на старосната граница ?


Маја ЗдравковскаЦелта ни е да бидеме избор на Филијала од страна на сите клиенти без разлика на старосна граница. Преку секојдневната интерпретација на новините во Банката преку различни канали на информирање: е-маил, смс известување, телефонски повик, директен контакт и слично, постојано се трудиме да ги промениме навиките на клиентите и да ги насочиме кон користење на поефикасни начини за реализација на своите барања. Се надевам дека во иднина ќе се намалува бројот на клиенти кои чекаат на банкарските шалтери и дека со следење на технолошките промени, запознавањето и прифаќањето на нашите совети во најскоро време ќе ги почуствуваат бенефитите од воведените иновации.


Банкарство: Неодамна промовиравте ново електронско банкарство и мобилно банкарство. Халкбанк е единствената банка во Македонија која нуди мобилна апликација за правни лица. Кажете ни нешто повеќе за овие услуги, како истите се прифатени од страна на клиентите и можат ли во целост да ги задоволат сите потреби на клиентите на Халкбанк ?

 

Маја Здравковска: Содржината и изгледот на новата платформа на електронско банкарство како за правните така и за физичките лица ја дизајниравме по барањата и забелешките од нашите клиенти. Бидејќи преставува високо софтицирана верзија на електронско банкарство, а доста едноставна за користење можам да кажам дека имаме брза и одлична прифатеност од нашите корисници, како и голема заинтересираност од нови и потенцијални клиенти. Мобилната апликација преставува дополнување на можностите на клиентот за целосен увид и вршење на личните банкарски операции со заштеда на време и трошоци.

 

 

Банкарство: Бидејќи Филијала Плоштад претставува технолошки најдобро опремена локација на Халкбанк, дали секоја нова услуга/иновација најпрво се воведува кај Вас ? Каква е реакцијата на клиентите кога ќе им понудите нешто ново, нестандардно за банкарскиот сектор во Македонија ?


Маја ЗдравковскаКако банка постојано го следиме трендот на иновациите во банкарскиот сектор и врз основа на потребите на пазарот вршиме воведување на нови производи и услуги. Генерално до сега имаме одлична прифатеност на новините и преку техничката и поддршката од вработените во Филијалата Плоштад со директна промоција вршиме запознавање со клиентите.


Банкарство: За крај, зошто да ја одберам Филијала Плоштад на Халкбанк, а не некоја од останатите Филијали ?


Маја ЗдравковскаСекоја Филијала на Халкбанк е добра, поинаква и соодветно дизајнирана врз основа на потребите на своите клиенти. Филијалата Плоштад како една „модерна филијала„ со својот изглед, локација и услуга преставува вистински избор на клиентите кои ги следат или пак сакаат да ги запознаат иновативните банкарски солуции како значаен сегмент од ова динамично и технолошко општество, каде секој еден корисник се стреми кон поедноставно, побрзо и подобро решение на своите банкарски операции.

 

Last modified on Wednesday, 12 October 2016

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.