wrapper

NLB групацијата во првите девет месеци од оваа година остварила профит од 184 милиони евра, што е 101% повеќе во однос на истиот период минатата година, или, 92,5 милиони евра повеќе од првите 9 месеци во 2016 година.

,,Овогодинешните исклучително добри резултати во овој момент допринесуваат за профит речиси дупло поголем од минатата година, а најважни се пазарните групи надвор од Словенија'' - вели Примож Карпе претседател на Надзорниот одбор на NLB.

Тој додава дека друг тренд кој е забележан е дека работењето со физички лица на пазарите на југоисточна Европа се повеќе допринесува во конечниот резултат.

Профитот кој NLB групацијата го генерираше во првите девет месеци најавува рекордни резултати за крајот на оваа година. Во истиот период, во првите девет месеци од 2017 година, NLB Банката во Белград забележала профит од 4,1 милион евра и значаен раст во кредитирањето на граѓаните. 

,,Продолжуваме со трендот на раст во сите сегменти кој трае веќе две години. Особено сме задоволни и горди на сето она кое го постигнавме бидејќи напорната работа на која се посветивме во однос на унапредување на производот и услугите, прилагодувањето на клиентите и трендот на дигитализацијата во финансискиот сектор придонесе за резултатите кои се прикажани.'' - додаде Карпе.

 

 

 

 

 

Last modified on Saturday, 02 December 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.