wrapper

Непознат сторител во текот на вчерашниот ден ограбил подружница на ТТК Банка во Струга.

Како што информираат од МВР, во полицијата во Струга било пријавено дека околу 08:00 часот лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената во објектот на улица „Пролетерски Бригади“, при што разбојникот одзел околу 60.000 денари и го напуштил местото на настанот.

Екипа од струшката полиција извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.